петок, 28 јули 2017 | Вести денес: 81 ново

Португалија ги искористи шансите и со победа стартуваше на шампионатот во Полска (видео)

Во израмнет натпревар во групата Б на Европското првенство во Полска за играчи до 21 година во која се наоѓа и Македонија, Португалија освои стартни три бода откако попладнево славеа на дуелот со Србија со 2-0.

Двете селекции одиграа цврст натпревар без многу шанси за гол, но Португалците подобро се снајдоа при реализацијата на и на крајот заслужено со цел плен си заминаа од стадионот во Бидгош. Гуедеш беше стрелец на првиот гол, откако фудбалерот на ПСЖ се најде на вистинско место по несмасната интервенција на српскиот голман.

Во вториот дел Португалците во игра го внесоа Ренато Санчез, по што го диктираа темпото до самиот крај. Токму асот на Баерн Минхен беше асистент при вториот гол за својата селекција, кога Фернандеш стави точка на дилемите околу победникот.

Португалија во второто коло ќе се сретне со Шпанија, додека Србија за противник ќе ја има Македонија.

Top