петок, 28 јули 2017 | Вести денес: 81 ново

Црна Гора со реми на тешкото гостување во Русија се пласираше на ЕП

Црна Гора во драматичен натпревар успеа да остане непоразена на гостувањето против Русија (27-27) и да се задржи на второто место во својата група за освојување на билет за претстојното Европско Првенство. Русите и покрај одличното прво полувреме имаа голем пад во вторите 30 минути, па членовите на „зборнаја“ нема да бидат дел од следното ЕП во Хрватска.

Агресивната одбрана и „фластерот“ врз Вуко Борозан во првото полувреме вроди со плод, па Русија замина на одмор со одлични 16-11. Сепак, Црногорците на чело со селекторот Ѓукиќ експресно се вратија во вториот дел и набрзина стигнаа до израмнување. На осум минути до крајот Борозан доби четири минути исклучување (две за прекршок и уште две за приговор), но дури и без својот најдобар стрелец Црногорците не им дозволија на домаќините повторно да влезат во серија, на крајот стигнувајќи до посакуваното реми што им го донесе големиот успех – пласманот на ЕП во Хрватска.

Борозан беше најефикасен со седум постигнати гола, пред Божовиќ и Вујовиќ со по шест погодоци.

Top