понеделник, 25 септември 2017 | Вести денес: 82 ново

Владимир Нелоски: Единството не попушти, бевме, сме и ќе останеме единствени! (видео)

ВМРО-ДПМНЕ денеска слави роденден под слоганот „Единствени“. Од организација која во историјата се бореше за идеалите на Македонската држава, до партија која денеска слави  27 години постоење на македонската политичка сцена.

-Единството не попушти. Бевме, сме и ќе останеме единствени со една цел, а тоа е да обезбедиме подобар живот на сите млади, но и на сите граѓани на Република Македонија, изјави претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски во гостувањето во Вестите на ТВ Нова.

Вели дека во оваа неколкугодишна криза, една од работите која се истакна меѓу членовите на партијата била единството.

-Единството и сплотеноста на сите членови на ВМРО-ДПМНЕ ни помогнаа да ги пребродиме сите препреки и пречки кои што беа дадени од СДС и од останати фактори кои се обидоа да влијаат на државата, потенцира Нелоски.

 

Top