четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 125 ново

За 14 милиони долари се продава поранешниот дом на Одри Хепберн

По цена од 14 милиони американски долари се продава поранешниот дом на актерката Одри Хепберн. Домот на актерката од култниот филм „Појадок кај Тифани“ е раскошна резиденција во Лос Анџелес. Проектирана е од архитектот Пол Вилијамс во 1938 година. Во домот на Одри, архитектот, сместил дури шест спални соби. Токму во овој дом, актерката им посакала добредојде на голем број холивудски ѕвезди, меѓу кои и нејзините колеги, актери од познатиот филм.
Резиденција се наоѓа во Лос Анџелес на околу 7.000 метри квадратни, а заедно со неа доаѓаат и гостинска куќа, базен, тениски терени и прекрасна градина. Што се однесува до ентериерот, тој неодоливо потсетува на холивудскиот гламур од 50 – тите години.

Top