среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Догодина АБА лигата ќе брои 12 екипи, МЗТ Скопје ја брани честа на Македонија

По завршувањето на финалето во српскиот шампионат и новата титула за Црвена звезда, АБА-лигата утрово и официјално го објави списокот на екипи кои ќе бидат дел од региналното натпреварување од сезоната 2017/2018.

Како што беше од претходно познато, МЗТ Скопје повторно ќе биде единствен претставник на Македонија во АБА, откако раководството на лигата уште пред повеќе од еден месец донесе одлука за намалување на бројот на екипи од 14 на 12, притоа давајќи им предност на екипите што се основачи на натпреварувањето.

Во однос на ланската сезона во АБА-лигата ќе го нема македонскиот претставник Карпош соколи, кој настапуваше со „вајлд-карта“, како и екипата на Крка, која ја заврши сезоната на последното место.

Шампионот Црвена звезда е еден од четирите претставници од Србија, заедно со Партизан, ФМП и Мега лекс, од Хрватска тоа повторно се Цедевита, Цибона и Задар, додека Будуќност и Морнар ќе ја претставуваат Црна Гора. Покрај Македонија, еден претставник има БиХ (Игокеа), како и Словенија (Унион Олимпија).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top