петок, 18 август 2017 | Вести денес: 33 ново

Бил Расел е првиот кошаркар од НБА со наградата за животно дело!

Човекот кој зад своето име запиша 11 шампионски прстени и најтрофејниот НБА кошаркар Бил е првиот добитник на НБА наградата за животно дело, објави раководството на лигата.

83-годишниот Расел е првиот кошаркар во историјата кој освоил олимписко злато (Мелбурн 1956), колеџ титула (универзитет Сан Франциско 1955, 1956) и НБА титула (Бостон Селтикс 1957, 1959-1966 и 1968-69).

Во 1966 година Расел беше именуван за шеф на стручниот штаб на Бостон и како тренер со тимот освои уште две шампионски титули (1968 и 1969).

Семоќниот Расел 12 пати беше дел „Ол Стар“ натпреварот и во многу категории и натаму е недостижен воо НБА историјата. Наградата која му се доделува на најкорисниот играч во финалната серија, во плејофот (МВП) го носи името на Бил Расел.

Признанието за животно дело на Расел ќе му биде врачена на свечена церемонија која ќе се одржи на 26 јуни.

Top