понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 119 ново

Голот на Циндриќ против Барселона е најдобар во сезоната во ЛШ (видео)

Кога секој искрен фан на ракометот ќе се наврати на сезоната 2016/17 од Лигата на шампионите, сигурно прво што ќе му текне ќе биде фантастичниот гол на Лука Циндриќ против Барселона, со кој Вардар го одведе во историското финале на најелитното ракометно натпреварување на Европа.

Оваа сезона во ракометната Лига на шампиони беа постигнати 11.083 гола, а токму погодокот на хрватскиот репрезентативец е избран за најатрактивен во оваа сезона, во која шампион стана нашиот Вардар, откако во финалето славеше незаборавна победа над ПСЖ од 24-23.

Погледнете ги најубавите 30 гола во Лигата на шампионите за сезоната 2016/17.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top