понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 116 ново

Валенсија го победи Реал Мадрид и стаса до историска шампионска титула во кошарка

Првпат во клупската историја Валенсија го освои шампионскиот трофеј во најквалитетната шпанска кошаркарска лига.

Валенсија синоќа во четвртиот дуел од финалната серија од плеј-офот го победи Реал Мадрид и со вкупни 3-1 во победи стигна до трофејот.

Конечниот резултат на дуелот одигран во Валенсија беше 87-76. Како клучна се покажа разликата од 18 поени што домаќините ја направија во втората четвртина (29-11).

Састре со 17 поени е најзаслужниот за триумфот на Валенсија, додека Серхио Љуљ со 23 поени беше најефикасен кај Реал Мадрид.

За најкорисен кошаркар (МВП) на финалето е прогласен Бојан Дубљевиќ.

Шпанија по седум години добива шампион различен од Реал Мадрид или Барселона. Во 2010 титулата ја освои Басконија и оттогаш на тронот се наоѓаа Реал или Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top