понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Кои луѓе имаат најмногу секс?

Според една од најновите студии објавени во публикацијата British Journal of Psychology, да се биде добар и љубезен е всушност една од најсекси особините кои човек може да ги има.

Во студијата учествувале 300 учесници кои биле детално испитани за алтруистичките особини и активности, како што се подготвеност на волонтирање, дарување на крв, учество во хуманитарни акции и слично, како и за бројот на сексуалните партнери кои ги имале.

И замислете, тие кои биле алтруистички настроени имале повеќе сексуални партнери од тие кои не покажувале слични особини.

Секако, студијата треба да се земе со резерва, бидејќи многу луѓе сакаат за себе да мислат дека се подобри од што се и им недостасува критичност за сопствените дела.

Во секој случај, во прашање се интересни податоци кои на одреден начин ги уриваат предрасудите за тоа како „не се исплати да се биде добар”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top