петок, 23 јуни 2017 | Вести денес: 66 ново

ЕУ и НАТО со јасни пораки – Нема интеграција без сменето име

Не тре­ба­ше мно­гу за За­ев да се отво­ри. Да, це­ли че­ти­ри пр­сти. За „отво­рот“ му тре­баа ни по­ве­ќе, ни по­мал­ку, ту­ку „це­ли“ 10 де­на. Мно­гу вре­ме, ама до­кол­ку сте ин­сект и жи­ве­е­те са­мо еден ден ка­ко ед­нод­не­вки­те поз­на­ти ка­ко мај­ски му­шич­ки. Уште по­ин­те­рес­но е што се ра­бо­ти за аме­ри­кан­ски ин­сект, не­ли?! Да, и тој, ка­ко и не­кои по­ли­ти­ча­ри, жи­вее мно­гу по­дол­го пред ме­та­мор­фо­за­та, пер­и­од ко­га од лар­ва ста­ну­ва пре­кра­сен ле­тач­ки ин­сект што „трае“ са­мо еден единс­твен ден. Ви ли­чи ли аме­ри­кан­ска­та мај­ска му­шич­ка на еден ма­ке­дон­ски по­ли­ти­кант, лик што це­ли три го­ди­ни ја уни­шту­ва­ше сопс­тве­на­та др­жа­ва са­мо за да дој­де на власт и пре­ку ре­жи­ра­на ме­та­мор­фо­за да ста­не пре­тсе­да­тел на Вла­да? Си­те слич­но­сти со ви­стин­ски­те ли­ко­ви се слу­чај­ни, ве­лат во Хо­ли­вуд. Но ова е Ма­ке­до­ни­ја, ма­кар и му­шич­ка­та би­ла аме­ри­кан­ска.

А кој мо­же нај­до­бро да го отво­ри квис­лин­гот ма­ски­ран во ру­во на мур­тин­ски спа­си­тел? Кој фа­ктор мо­же нај­до­бро да го из­ну­ди фрој­дов­ско­то приз­на­ние за пла­нот со име­то?

Се­ка­ко, кој друг ако не Бри­сел. По­до­бро ка­жа­но, го отво­ри ток­му тој што го до­не­се на власт. До­бро, да не му ги од­зе­ма­ме приз­на­ни­ја­та и огром­ни­те зас­лу­ги на ва­шин­гтон­ски­от ата­ви­зам на за­ми­ну­ва­ње, кој има­ше си­лен при­до­нес во ма­ке­дон­ска­та из­бор­на и по­стиз­бор­на ме­стен­ка. Ама за го­ле­ма ма­ка на ам­ба­са­до­рот од ри­дот, пр­во­то „че­ти­ри­прс­но“ отво­ра­ње на За­ев се слу­чи кај не­го­ви­те пос­луш­ни­ци од европ­ска­та фи­ли­ја­ла. Та­кси­рат, ама за Беј­ли, се раз­би­ра, за­тоа што За­ев е во об­ла­ци, т.е. во Вла­да…

 

Брисел е неподготвен за мајсториите на муртинецот?!

Она­ка по­не­дел­нич­ки, не­де­ла­та на спа­си­те­лот му тр­на со бри­сел­ско­то ми­ро­по­ма­за­ние, ја­вен и ја­сен чин пре­ку кој пос­луш­ни­от и „но­во­ро­ден“ син со функ­ци­ја За­ев вле­зе во евро­а­ме­ри­кан­ско­то се­мејс­тво на „гло­бал­но-по­ли­тич­ки­от дух“, по­ли­тич­ка па­ро­ди­ја на на­гра­да со ко­ја, за раз­ли­ка од ви­стин­ско­то ми­ро­по­ма­за­ние, тој до­би све­тов­ни да­ро­ви, кои во не­го­ви­от слу­чај ќе го кре­пат, про­свет­лу­ва­ат и чу­ва­ат во све­тов­ни­от пре­ми­ер­ски жи­вот. Ни­ка­ко во ду­хов­ни­от.

Проб­ле­мот не бе­ше во Евро­пеј­ци­те, кои бес­по­го­вор­но вклу­че­ни во из­вр­шу­ва­ње­то на за­да­чи­те од аме­ри­кан­ска­та игра не ни зна­ат за по­и­мот „проб­лем“ ток­му по­ра­ди ве­шти­на­та на „го­ле­ми­от брат“, кој е за­дол­жен за нив­но ре­ша­ва­ње. Се­га, на­си­ла „по­бри­се­ле­ни­те“ че­да, не­ло­ги­чен збир на Евро­пеј­ци, кои, ина­ку, во­оп­што и не се „ми­ри­са­ат“, ед­но­став­но го на­гра­ди­ја сво­јот нов и на­мет­нат по­си­нок од кој има­ат го­ле­ми, огром­ни оче­ку­ва­ња. Или, се­пак, и нив ги има бра­тот, не Евро­пеј­ци­те. Тие са­мо спро­ве­ду­ва­ат на­ред­би, не­што слич­но ка­ко во Вто­ра­та свет­ска вој­на, не­ли. Проб­ле­мот е што тие сѐ уште не го споз­на­ле сво­јот по­си­нок или, што би рек­ле, не зна­ат со ко­го си има­ат ра­бо­та. Ни­кој во Бри­сел не бе­ше под­го­твен за „мај­сто­ри­и­те“ на За­ев, дејс­тва на кои ма­ке­дон­ска­та јав­ност одам­на отрп­на…

Како Заев се отвори и го издаде планот за името?

А исти­от тој „пре­ми­ер“, во ма­тич­на­та зем­ја, ко­ја те­шко да ја чув­ству­ва ка­ко род­на и та­тко­ви­на, да ти бил поз­нат по ла­га­та, са­мо­де­ман­ти­ра­ње­то, сто­ти­на јав­ни гре­шки и не­по­сто­ја­но­ста. А до­тич­ни­те не­ин­фор­ми­ра­ни Евро­пеј­ци, иа­ко од лич­ни или „брат­ски“ ин­те­ре­си, се фа­ти­ја на оро со не­го.

Ду­зи­на па­ти, то­гаш са­мо ка­ко ли­дер на СДСМ, За­ев „не са­кај­ќи“ ги из­да­ва­ше сво­и­те пла­но­ви. Во те­кот на акут­на­та, на­мет­на три­го­диш­на кри­за, Фрој­до­ви­от комп­лекс бе­ше че­сто при­су­тен во дејс­тва­та на ка­ми­ка­ѕи по­ли­ти­ча­рот. Пси­хи­ја­три­ско­то об­јас­ну­ва­ње е де­ка ко­га не­што ве при­ти­ска, вие не­свес­но, пре­ку одре­де­ни иска­зи и збо­ро­ви, ги откри­ва­те сво­и­те ма­ки и пла­но­ви. Та­ка бе­ше и во Бри­сел. Иа­ко, мно­гу­ми­на мис­лат де­ка во по­со­че­ни­ов слу­чај се ра­бо­ти за ком­би­на­ци­ја на Фрој­до­ви­от и на Еди­по­ви­от комп­лекс, за­тоа што со на­ме­ри­те за ид­ни­на, пре­ми­е­рот опре­де­лен од Бри­сел уште пред да би­де наз­на­чен, очиг­лед­но, ќе си ја е.. мај­ка­та. Или та­ка ба­рем пла­ни­ра. Збо­ру­ва­ме за Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја по­ве­ро­ја­но не­кој и не ја сме­та за мај­ка…

Ка­ко и да е, не нав­ле­гу­вај­ќи во па­три­от­ски­те чув­ства на чо­ве­кот што пред са­мо не­кол­ку го­ди­ни приз­на де­ка ним тие не им „ли­чат“ т.е. при­ле­га­ат, исти­от во Бри­сел, по­не­сен од еу­фо­ри­ја­та на мо­мен­тот што го че­кал и за кој со­ну­вал це­ли­от свој жи­вот, го­ди­ни во кои др­жа­ва­та до­жи­веа не­ви­де­на мо­рал­на и по­ли­тич­ка кри­за и по­дел­би, За­ев се „отво­ри“ ток­му во со­ну­ва­ни­от град. И при пос­лед­на­та сред­ба со ге­не­рал­ни­от се­кре­тар на НАТО, Јенс Стол­тен­берг, мал­ку и се за­бо­ра­ви:

„Има ал­тер­на­ти­ви. Ние се на­де­ва­ме де­ка со при­вре­ме­на­та ре­фе­рен­ца (ПЈРМ т.е. FYROM) ќе до­би­е­ме по­ка­на за да ста­не­ме член­ка на НАТО и во исто вре­ме ќе про­дол­жи­ме со раз­го­во­ри­те со Гр­ци­ја за про­це­сот во ЕУ. Ние оче­ку­ва­ме со при­вре­ме­на­та ре­фе­рен­ца да до­би­е­ме по­ка­на од НАТО, во сог­лас­ност со до­го­во­ри­те со Гр­ци­ја, а до­де­ка трае ра­ти­фи­ка­ци­ја­та кај 29 член­ки на али­јан­са­та, има две го­ди­ни за до­пол­ни­тел­но да се нај­де ре­ше­ние. Има мно­гу ал­тер­на­ти­ви, мно­гу за­ви­си од на­ши­от ју­жен со­сед, но ние ба­ра­ме при­чи­на по­ве­ќе за по­зи­тив­ни ре­ше­ни­ја за ста­бил­ност, а тоа е најм­но­гу мож­но ако Ма­ке­до­ни­ја вле­зе во НАТО“, си приз­на За­ев.

Аха, зна­чи тоа бил пла­нот на СДСМ и на ти­ран­ска­та ко­а­ли­ци­ја? НАТО да да­де по­ка­на, мо­же­би и ЕУ не­ка­кво на­ве­сту­ва­ње за пре­го­во­ри, чин што би го сим­бо­ли­зи­рал мор­ко­вот по кој би ско­кал и со кој би се за­ни­ма­вал и под­ла­жу­вал на­ро­дот, а во ме­ѓу­вре­ме, ма­кси­мум за 24 ме­се­ци, до­де­ка 29 член­ки нѐ „ра­ти­фи­ку­ва­ат“, За­ев и ком­па­ни­ја да ни го „ра­ти­фи­ку­ва­ат“ иден­ти­те­тот и да нај­а­дат „ре­ше­ние“ за име­то? А ре­ше­ни­е­то зна­чи не­го­ва про­ме­на, ту­ка не­ма ни­ка­кви ди­ле­ми. И, за жал за За­ев, не­ма мно­гу ал­тер­на­ти­ви. Име­то е ед­но и гла­си Ма­ке­до­ни­ја, Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Му се до­па­ѓа­ла без­ал­тер­на­тив­но­ста или не, но на­ро­дот не са­ка не­го­ва про­ме­на, 86 про­цен­ти од Ма­ке­дон­ци­те, спо­ред пос­лед­на­та ан­ке­та, се про­тив.

Фројд, Хан, Заев и долговите кон „чадорот“

Увер­ти­ра на За­ев му беа Туск, Мо­ге­ри­ни, Хан и Стол­тен­берг, кои ка­ко во хор си ка­жаа де­ка не­ма шан­си за влез со не­ка­кво си ПЈРМ, кол­ку тоа и да зву­чи срам­но. Јок, и за ЕУ и за НАТО мо­ра да се сме­ни устав­но­то име, а тоа да го при­фа­ти и Гр­ци­ја. Без „амин“ на Ати­на, не би­ва, по­ра­ча Бри­сел.

Ин­ди­ка­тив­но, или по­ве­ро­јат­но она­ка со­ци­јал­де­мо­крат­ски скро­е­но и из­вр­те­но, двај­ца­та со­го­вор­ни­ци што да­доа из­ја­ви во жи­во, на прес-кон­фе­рен­ци­ја, го по­ра­чаа со­се­ма исто­то, а двај­ца­та што по­ми­наа са­мо со со­оп­ште­ни­ја (Туск и Мо­ге­ри­ни) беа „пре­за­до­вол­ни“ од но­ва­та вла­да и од ре­фор­ми­те што ќе сле­ду­ва­ат, ка­жа ка­би­не­тот на За­ев. По на­ви­ка, очиг­лед­но, не­кој, пак, не­што не­ко­му му пре­мол­чел, но Хан и Стол­тен­берг ги из­да­доа. Беа де­цид­ни, по­де­цид­ни здрав­је:

„Че­ка­ме за­ем­но ре­ше­ние за име­то“, по­ра­ча јас­но ге­не­рал­ни­от се­кре­тар на НАТО, а Јо­ха­нес Хан му се на­до­вр­за со збо­ро­ви­те: „Тре­ба да се нај­де за­ед­нич­ко ре­ше­ние, но ако вле­гу­ва­ме со отво­рен ум во раз­го­во­ри­те, тоа е мож­но. Се­ко­гаш има на­чин за да се прид­ви­жат ра­бо­ти­те и мо­ра да ра­бо­ти­ме на тоа. Мо­ра да се нај­де ре­ше­ние при­фат­ли­во за си­те“. Евро­ко­ме­са­рот, со­на­род­ник на пси­хо­ло­гот, чиј­што комп­лекс За­ев че­сто го пре­зен­ти­ра, пре­врт­лив лик што до вче­ра за опо­зи­ци­ски­те, се­га пров­ла­ди­ни ме­ди­у­ми има­ше стра­шен конф­ликт на ин­те­ре­си и ак­ции во „Но­во­ма­тик“ и во ге­вге­ли­ски­те ка­зи­на, про­дол­жи со кон­ста­та­ци­ја­та: „Не­ма да би­де лес­но, мно­гу­ми­на се оби­ду­ваа со го­ди­ни, но се­га има нов мо­мент и убе­ден сум де­ка мо­же­ме да ја иско­ри­сти­ме си­ту­а­ци­ја­та и да на­пра­ви­ме про­грес“.

Има­ло но­ва кон­сте­ла­ци­ја? А тоа са­мо но­ва, За­е­ва вла­да да ти би­ла. Сѐ дру­го кај два­та со­се­ди е ста­ро. Аха…

Амбицијата на Заев и новиот момент на Хан

Стол­тен­берг че­ка, Хан ви­де нов мо­мент, а Туск и Мо­ге­ри­ни га­ран­ти­ра­но се на ма­ка што ни­кој не ги пре­не­се нив­ни­те по­ра­ки за нуж­но­ста од про­ме­на на име­то? Ма­ша­ла.

Се­то тоа, фи­лу­ва­но со не­бу­ло­зи­те за по­треб­ни ре­фор­ми и ка­кви ли не бу­да­ла­шти­ни. На се­то тоа, ста­ти­стот За­ев ќе му из­ја­ви на пре­тсе­да­те­лот Туск: „Ам­би­ци­оз­ни сме би­деј­ќи е за­гу­бе­но мно­гу вре­ме во евро­ин­те­гра­ци­ски­от про­цес на Ма­ке­до­ни­ја“.

Уште ед­но Фрој­дов­ско приз­на­ние, кое тре­ба да се до­пол­ни со об­јас­ну­ва­ње­то – „чу­му мно­гу вре­ме е за­гу­бе­но“, или, по­до­бро ка­жа­но, во сти­лот на еден наш по­ра­не­шен шеф на др­жа­ва­та – „кој го тоа за­гу­би?“

Би би­ло фер За­ев да приз­нае де­ка тој и не­го­ва­та со­ци­јал­де­мо­крат­ска бо­лу­мен­та се нај­го­ле­ми­те ви­нов­ни­ци за три­го­диш­ни­от за­стој и за гу­бе­ње­то на пре­по­ра­ка­та за пре­го­во­ри од ЕК, кол­ку таа и да е три­ви­јал­на и без­о­браз­на. Уште по­до­бро би би­ло и Бри­сел да приз­нае де­ка и ВМРО-ДПМНЕ на­пра­ви мно­гу ре­фор­ми, ама не бе­ше до нив. Уто­пи­ја од ба­ра­ња, не­ли.

Се­га, пак, из­ле­гу­ва де­ка мур­тин­ски­от спа­си­тел, всуш­ност, нѐ спа­су­ва од са­ми­от се­бе?! Са­ка ли да ка­же де­ка по три го­ди­ни и куп глу­по­сти, „ре­во­лу­ции“, „бом­би“ и што ли уште не, се­га не­ма кој да ги пра­ви иди­от­шти­ни­те што го до­не­соа на власт по­ра­ди фа­ктот де­ка нив­ни­от автор се­га е на власт? Са­ка­ше ли „ам­би­ци­оз­ни­от“ автор и из­вр­ши­тел на кри­за­та да ка­же де­ка се­га „ча­до­рот“ ќе би­де ми­ло­стив кон но­ва­та, по­доб­на власт и де­ка не­ма да ја ку­ди, ис­пра­ва и тол­чи пре­ку сво­и­те со­ро­со­ид­ни ме­ди­у­ми и ду­зи­на­та НВО? Та­ка ли ќе се на­до­пол­нат три­те го­ди­ни, кои ја вра­ти­ја Ма­ке­до­ни­ја два­е­сет го­ди­ни на­на­зад во од­нос на ме­ѓу­на­род­ни­от имиџ? Не ве­ру­ва­те?

Пра­ша­ње: Ка­де се Беј­ли, Пломп, Жбо­гар, Сте­фан­сон и Ал­ха­у­зер, де­жур­ни­те кри­ти­ча­ри на прет­ход­на­та власт, да про­ко­мен­ти­ра­ат не­што (што би­ло) за кри­ми­но­ге­ни­от со­став на За­е­ви­от ка­би­нет, не­ми­е­ни­от во­зен парк со кој се во­зат нив­ни­те дип­ло­ма­ти на ми­ну­ва­ње, сме­на­та на Звр­лев­ски, по­пу­ли­стич­ки­те ре­фор­ми во обра­зо­ва­ни­е­то и ре­ди­ца дру­ги ка­та­стро­фал­ни утки? Ви не­до­сти­га­ат ли кри­ти­ки­те кон вла­ста на веч­ни­те „про­фе­си­о­нал­ни оз­бо­ру­ва­чи“, ме­ди­у­ми што се­га пе­ат хим­ни и со­ста­ви­ја це­ли збир­ки за но­ви­те вла­сто­дрш­ци? Ви­де­те ги са­мо фал­ба­џи­ски­те нас­лов­ни стра­ни­ци и ТВ-днев­ни­ци, де­бат­ни еми­сии, до­вол­но е. Ах, да. Исти­те овие ме­ди­у­ми што ни­ко­гаш не го на­ре­коа Гру­ев­ски со ти­ту­ла­та, а кои се­га збо­рот „пре­ми­ер“ не го ва­дат од уста при се­кое За­е­во спо­ме­ну­ва­ње, ма­кар би­ло 100 па­ти во при­ло­гот. Та­фто­ло­ги­ја за нив не по­стои, ба­рем се­га.

Или ка­де ис­чез­наа же­сто­ки­те не­ра­ни­мај­ков­ци од НВО, кои се­кој ден пра­веа по 10 прес-кон­фе­рен­ции и исто тол­ку со­оп­ште­ни­ја за ка­та­стро­фал­ни­от ефект на ми­на­та­та вла­да? Ачик ме­та­мор­фо­за, не­ба­ре се мај­ски му­шич­ки. По тол­ку го­ди­ни жи­вот ка­ко лар­ви во „под­зем­је­то“, се­га дој­де вре­ме за ко­ри­сте­ње на бла­го­да­тот. Па ле­та­ат ли ле­та­ат, це­лос­но об­зе­ме­ни од споз­на­ни­е­то де­ка ги до­не­соа „сво­и­те“ на власт.

А вие, вие и на­та­му пра­шу­вај­те се и „те­пај­те си ја гла­ва­та“ што ќе би­дат но­ви­те ре­фор­ми. Освен по­пу­ли­стич­ки­те уки­ну­ва­ња на ек­стер­но, ра­ди­о­ди­фуз­ни та­кси, вра­ќа­ње евти­на стру­ја, нѐ че­ка­ат и дру­ги се­ри­оз­ни и ан­ти­на­ци­о­нал­ни ре­фор­ми, би­де­те уве­ре­ни во тоа, за­тоа што дол­гот мо­ра да се вра­ти. Ал­бан­ски­те пар­тии че­ка­ат да „слег­не“ пр­вич­на­та еу­фо­ри­ја, па по­у­че­ни од „ча­до­рот“, ќе си го по­ба­ра­ат сво­е­то. Акт во кој дво­ја­зич­но­ста, очиг­лед­но, ќе би­де ми­но­рен дел од при­ка­ска­та на За­ев, Ка­са­ми, Ах­ме­ти и на Се­ла. Ви­стин­ска­та ре­фор­ма, очиг­лед­но, ќе би­де мно­гу по­дра­ма­тич­на и по­сил­на. Са­мо, свес­ни ли се неј­зи­ни­те из­ве­ду­ва­чи де­ка оби­дот за неј­зи­на ре­а­ли­за­ци­ја ќе им ја до­не­се суд­би­на­та на ед­нод­нев­на­та мај­ска­та му­шич­ка? Зна­ат ли не­до­вет­ни­те ко­рис­ни­ци на „ча­до­ро­ви­те“ до­бра де­ка на­ро­дот не­ма да доз­во­ли не­кој да му ги ре­фор­ми­ра име­то и иден­ти­те­тот. Ни се­га, ни две го­ди­ни по­тоа. Ни­ко­гаш…

 

Клетников: Ќе ја спаси ли главата тој што ќе го продаде името?

Це­ли­от наш жи­вот ка­ко ко­ле­ктив­на ме­мо­ри­ја и би­тие, ве­ли по­е­тот и член на „Ма­ке­дон­ски ма­ни­фест“, Ефтим Клет­ни­ков, из­ви­ра ток­му од име­то.

Клетников: Тоа е ге­не­за­та, пра­из­во­рот на на­ше­то по­сто­е­ње, тре­зо­рот во кој се скла­ди­ра­ни си­те на­ши ве­ко­ви и ми­ле­ни­у­ми, си­те кул­тур­но-ци­ви­ли­за­ци­ски бла­га на на­ши­от дух што му ги има­ме по­да­ре­но на све­тот и на неб­ла­го­дар­на­та ва­ви­лон­ска да­ма Евро­па. Но, без раз­ли­ка на тоа, тие оста­ну­ва­ат наш ду­хо­вен про­из­вод, цар­ски пе­чат на на­ша­та ви­зи­ја за све­тот ка­ко „по­ле за кул­ту­рен нат­пре­вар ме­ѓу на­ро­ди­те“ (Го­це), а не ка­ко по­ле на ко­ло­ни­за­ци­ја и на ма­те­ри­јал­но огра­бу­ва­ње, мо­дел што го за­мис­ли и спро­ве­де во ре­ал­ност Евро­па, ко­ја и по­крај тоа се оби­ду­ва да нѐ учи на де­мо­кра­ти­ја и на ху­ма­ни­зам.

На­ши­те ко­ми­ти го имаа на зна­ме­то сло­га­нот „Сло­бо­да или смрт“, а се­га е вре­ме тој сло­ган на но­во­то ма­ке­дон­ско зна­ме да гла­си „Име или смрт“.

Во пос­лед­но вре­ме се за­го­ва­ра сѐ пог­лас­на кам­па­ња за про­даж­ба на име­то, а со цел за влез во НАТО и во ЕУ, две­те ор­га­ни­за­ции што со го­ди­ни нај­бе­скру­по­лоз­но нѐ по­ни­жу­ва­ат и уце­ну­ва­ат. НАТО е кри­ми­нал­на ор­га­ни­за­ци­ја, ко­ја е еден од глав­ни­те стол­бо­ви на аме­ри­кан­ски­от др­жа­вен те­ро­ри­зам за кој во­деч­ки­от аме­ри­кан­ски ин­те­ле­кту­а­лец Но­ам Чом­ски на­пи­ша не­кол­ку су­штин­ски кни­ги. Па се­га, што са­ка­ат не­ка мис­лат за не­го на­ша­та но­ва Вла­да и на­ши­те ста­ри нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции, сто­ти­на, кои ни­ту ед­наш не ја спо­ме­на­ле дра­ма­та со на­ше­то име, а не, пак, да се за­гри­жат за неа. Но за тоа се и пла­те­ни. ЕУ, исто та­ка, та­ква ка­ква што е, не зас­лу­жу­ва ни­ка­ков по­чит од Ма­ке­дон­ци­те што са­ка да ги обез­ли­чи и иден­ти­тет­ски да ги из­бри­ше.

Па, да­ли на­ви­сти­на но­ва­та на­ша Вла­да ќе се ос­ме­ли квис­лин­шки да на­пра­ви па­кт за про­ме­на на име­то? Кој ѝ го да­ва тоа пра­во? Ре­фе­рен­дум? Не.

Име­то ни­ту е до­би­е­но, ни­ту мо­же да се ста­ва на ре­фе­рен­дум. Са­ка ли не­кој да го об­но­ви ма­ке­дон­ско­то атен­та­торс­тво? Ќе ја спа­си ли гла­ва­та тој што ќе го про­да­де име­то? Мно­гу пра­ша­ња за не­со­ни­ца.

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 250. број на неделникот „Република“, 16.6.2017)

Top