среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Леброн следната сезона ќе игра во Лос Анџелес?!

Веројатноста Леброн Џејмс летово да го напушти Кливленд е голема по шпекулациите за нов проект кој асот на вицешампионот го побара уште пред финалето на плеј-офот.

Кливленд го загуби финалето во пет натпревари од Голден Стејт, а еден од најпознатите и најинформирани американски новинари Адријан Војнаровски вели дека за Џејмс тоа беа последните натпревари за Кливленд.

– Верувам дека луѓето во Кливленд се свесни дека постои можност Леброн ова лето да го напушти клубот и да се пресели на Запад, во еден од тимовите од Лос Анџелес, Клиперс или Лејкерс – смета Војнаровски.

Леброн Џејмс во НБА лигата зад себе има 14 сезони, а освои и два шампионски прстени, по еден со Мајами и со Кливленд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top