среда, 16 август 2017 | Вести денес: 76 ново

„Економски“: Потврдени 104 милиони евра од ЕУ за капиталните проекти од програмата на ВМРО-ДПМНЕ

Порталот Економски.мк добил потврда од официјален Брисел дека парите од Европска Унија се одобрени, и се чекаат само формалностите.

-Како што претходно најавивме долго време се одвиваше процес на лобирање за парите кој се потребни за изградба на овие важни проекти. Ќе продолжи градбата кон пругата за Бугарија на потегот Бељаковце Крива Паланка за што се обезбедени 70 милиони евра, патот Крива Паланка Деве Баир во износ од 7 милиони евра и 27 милиони евра за градба на автопатот Гостивар Кичево, пишува Економски.мк.

На сето ова претходеше процес на жестоко лобирање за да се добијат парите, а првите контакти и обиди започнаа уште во 2015та, а вродија со плод минатата година кога беше и поднесено последното барање за добивање на овие средства. Дополнително на ова следеле и неколку состаноци во Брисел на кој поранешниот министер за транспорт и врски Мисајловски лобираше за ова.

Инаку минатата година, во март и декември, на два пати од Министерството за транспорт и врски се поднесени проекти до Европската Унија за одобрување на средства за овие капитални проекти. Конечно вчера, по двегодишно лобирање и повеќе состаноци во Брисел донесена конечна позитивна одлука.

Во 2016 година Министерството за транспорт и врски подготви и достави три апликација за барање на инвестициски грантови. Првата апликација се однесува за грант за делницата од Бељаковце до Крива Паланка, фаза 2 од железничкиот Кориодор 8, а токму важноста за овој проект од страна на Министерството беше неколку пати посочуван на министерските состаноци ЕУ- Западен Балкан, кои се оддржуваат еднаш годишно почнувајќи од август 2015. Втората апликација се однесува за инвестициски грант за реконструкција и рехабилитација на патот Крива Паланка граница со Бугарија инвестиција вредна шест милиони евра. И третата доставена апликација за изградба на првата делница од автопатот Кичево- Гостивар, Букојчани- Кичево.

Потврден е и грант од 1.1 милиони евра за Проект за дополнителни средства за техничка помош за реновирање на казнено- поправни установи во РМ.

Top