среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Без Нелоски во мечот кој значи пласман на Европското првенство

Селекторот на Македонија,Раул Гонзалес, ги одбра 16-те ракометари кои во Суми ќе ѝ се спротистават на Украина, а меѓу нив го нема Марко Нелоски, кој не го одработи последниот тренинг во целост.

На листата на пријавени играчи се наоѓаат Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Филип Кузмановски, Влатко Митков, Филип Лазаров, Мартин Велковски, Никола Маркоски, Стојанче Стоилов и Жарко Пешевски.

Натпреварот меѓу Македонија и Украина се игра од 18.00 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top