недела, 24 јуни 2018 | Вести денес: 84 ново

Цигарите „вест“ и „родео“ поскапи за 5 денари

Цигарите од марката „вест компакт“ од денеска во продавниците се продаваат за 5 денари поскапо за една кутија. Од денеска, за 5 денари се поскапи и сите варијации на марката „родео“.

Продавачите во супермаркетите велат дека добиле најава дека во текот на утрешниот ден се очекува уште еден бран поскапувања на другите марки.

На 1 јули ќе се покачи и акцизата за цигарите за 4 денари по една кутија. Нема информации, дали производителите ќе ја зголемат повторно цената или пак повисоката акциза ќе се компензира со ова поскапување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top