среда, 18 октомври 2017 | Вести денес: 44 ново

Данската кралица го прогласи тапанарот на „Металика“ за витез

Данската кралица Маргарета го прогласи за витез тапанрот на групата „Металика“ Ларс Улрих (53).

Улрих, кој  роден во Данска, а во Америка се преселел на 17 години, е прогласен за член на витешкиот ред поради придонес во уметноста.

Данскиот принц Фредерик, кој е во посета на САД, во вторникот го одликува Улрих во името на неговата мајка. Свеченоста се одржа во Сан Франциско, каде што живее Улрих.
Групата „Металика“ ја основаа Улрих и пејачот и гитарист Џејмс Хетфилд во 1981 година.

 

Top