четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 96 ново

Принтезис останува во Олимпијакос до 2020 година

Раководните луѓе на грчкиот кошаркаски гигант, Олимпијакос, успеаја да го задржат еден од своите најдобри кошаркари, Јоргос Принтезис, кој се обврза на нов договор, со важност до 2020 година.

Принтезис во тимот од Пиреја е од 2011 година и беше дел од сите големи успеси во последните неколку години.

– Брзо се договоривме за продолжување на нови три години. Новиот договор значи дека тука најверојатно ќе ја завршам мојата кариера – изјави Принтезис.

За 32-годишниот Принтезис, кој дел од својата кариера ја помина во Уникаха Малага, во последниот период интерес пројавуваше и тимот на Барселона, но тој се одлучи за матичниот клуб кој по се изгледа и ќе ја заврши кариерата.

Top