четврток, 24 август 2017 | Вести денес: 1 ново

ДОМ ќе дејствува самостојно во Собранието

Пратеничките од ДОМ Лилјана Поповска и Маја Морачанин нема да бидат дел од пратеничката група на коалицијата предводена од СДСМ во Собранието.

Во известувањето до Претседателот на Собранието,Талат Џафери од координаторот на ПГ на СДСМ и партнерите единствено партијата ДОМ не е наведена како дел од пратеничката група предводена од СДСМ.

Пратеничката Маја Морачанин од ДОМ за „ТВ 24“ вели дека тоа е во координација со СДСМ и дека не се менува ништо суштинско во нивното делување како дел од коалицијата  предводена од СДСМ.

 

Top