сабота, 21 октомври 2017 | Вести денес: 90 ново

Федерер поразен од Хас на стартот во Штутгарт

Роџер Федерер го загуби премиерниот меч на турнирот во Штутгарт од ветеранот Томи Хас со 1-2 во сетови. Швајцарецот имаше фантастичен старт оваа година, но во претходните два месеци зеде одмор, од кој очигледно камбекот во топ-форма ќе оди потешко од очекувањата.

Федерер делуваше импресивно на стартот, добивајќи го првиот сет со 6-2, но швајцарскиот ас не успеа да го одржи ритамот. Хас заигра фантастично, па го доби тајбрејкот во вториот сет со 9-7, спасувајќи и една меч-топка на Федерер. Во решавачкиот сет германскиот ветеран направи брејк при 2-2, потоа на свој сервис при 3-2 спаси три брејк топки, за на крајот да го добие сетот со 6-4 за голема победа над швајцарскиот тениски великан.

Top