вторник, 17 октомври 2017 | Вести денес: 75 ново

Два авиони не слетаа во Скопје – пренасочени поради невремето

Два патнички авиони на нискобуџетната компанија „Визер“ поради силното невреме не можеа да слетаат во Скопје. Летот од Боденсе е пренасочен кон Софија. Вториот лет од аеродромот во Бергамо исто така е пренасочен но, патниците сепак ќе слетаат во Македонија на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Сите останати летови кои беа закажани за денес претходно успешно го завршија патувањето на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.

 

Top