вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

ВМРО-ДПМНЕ викендов прославува 27 години од постоењето на партијата и 124 години од основањето на Организацијата

ВМРО-ДПМНЕ овој викенд прославува 27 години од постоењето на политичката партија или 124 години од основањето на Организацијата.

Во текот на следните неколку дена партијата планира повеќе активности.

Спиро Ристовски, членот на ИО на ВМРО ДПМНЕ соопшти дека во текот на утрешниот ден е планирана панел дискусија на тема „Економија и инвестиции“, која ќе се одржи во попладневните часови и која ќе биде отворена за јавноста.

-Исто така во петок е планирана уште една панел дискусија која што ќе биде на тема „Инфраструктура и инвестиции во инфраструктурата во изминатиот период од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ“. Во сабота, на 16 јуни ќе го одбележиме роденденот на партијата или 124 години од Организацијата во 19 часот на просторот зад Музејот на жртвите од комунистичкиот режим и Музејот на ВМРО – појасни Ристовски.

Тој ги покани сите симпатизери и поддржувачи да присуствуваат на роденденската забава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top