среда, 16 август 2017 | Вести денес: 76 ново

Трамп: Напаѓачот од Вирџинија почина од раните во престрелката

Напаѓачот, кој го рани конгресменот Стив Скејлиз, во американскиот град Александрија, во сојузната држава Вирџинија, почина од раните што ги здобил во престрелката, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп, цитиран од светските агенции.

-Напаѓачот почина од здобиените рани, соопшти Трамп од Белата куќа.

Нападот беше извршен од 66-годишниот Џејмс Т. Хочкинсон од градот Белвил, во државата Илиноис, јави весникот „Вашингтон пост“.

Според припадници на федералните служби за безбедност, цитирани од ТАСС, во 2006 година на Џочкинсон му било поднесено обвинение за предизвикување штети врз транспортно средство.

Минатата година му завршила неговата лиценца за работа како станбен инспектор.

Top