понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Точно 24 години по трагедијата: Мајката на Дражен Петровиќ конечно ја запозна девојата од голфот

Поранешната девојка на починатиот „кошаркарски Моцарт“ Дражен Петровиќ, Клара Салатни никогаш по несреќата не даде изјава за медиумите. По несреќата во која загина прославениот кошарски ас се омажи со германскиот фудбалер Оливер Бироф и продолжи со животот.

Во црвениот голф таа 1993 година била и поранешната турска кошаркарка Хилал Едебал, која доживеа тешки повреди. По несреќата, животот веќе не и беше ист. Пробала и да се самоубие.

Мајката на Дражен, Бисерка Петровиќ изразила желба да ја запознае девојката.

– Сакам да одам во Истанбул и да ја запознаам кошаркатата која била во голфот со Дражен – изјави неодамна мајката на славниот хрватски кошаркар.

Желбата ја исполнила тв-куќата „ТРТ Ворлд“. Емисијата е многу емотивна. Нема многу зборови, за затоа пак солзи има премногу.

– Јас сум среќна бидејќи таа е последната која го видела жив мојот Дражен. Сакав да ја запознаам, кошаркарка е, има болен сопруг. Јас дојдов во Истанбул. Сега таа треба да дојде во Загреб, да види кој е Дражен и колку тој беше голем – изјави Бисерка Петровиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top