понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 57 ново

Одбојкарите чекаат поддршка од симпатизерите во групата од Европската лига

Одбојкарската репрезентација на Македонија полека се подготвува за првите настапи во Европската лига оваа сезона, а за успешен резултат ќе биде потребна и поддршка од македонската јавност.

Поради тоа, Федерацијата реши да ги отвори вратите за љубителите на спортот кои сакаат да ја поддржат Македонија, и за првите три меча на турнирот во Скопје влезот е слободен.

Натпреварите ќе се играат во салата „Кале“, а првиот натпревар е против Азербејџан, в петок од 19.30 часот. Вториот меч Македонија го игра ден подоцна против Албанија (сабота, 19.30 часот), а третиот меч против Шведска се игра в недела, исто така од 19.30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top