понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 54 ново

Овации за „Иванов“ и Никола Ристановски на затворањето на 4. „МНТ-Фест“

Точно 160 минути скопската публика „не трепна“ и „дишеше“ заедно со одличната екипа на „Иванов“, која се одигра на големата сцена на МНТ каде што беше сместена и публиката. Токму поради тоа беше ограничен бројот на билети кои веднаш се распродадоа откако МНТ објави дека Народно позориште од Белград и Ристановски гостуваат на „МНТ-Фест“

Вистинска привилегија беше да се обезбедат карти и да се гледа „Иванов“ со нашиот Никола Ристановски во главната улога во претствата на Народно позориште од Белград која синоќа, на 13 јуни го затвори мошне успешниот четврти Меѓународен МНТ-Фест кој го организира Македонскиот народен театар (МНТ).

Точно 160 минути скопската публика „не трепна“ и „дишеше“ заедно со одличната екипа на „Иванов“, која се одигра на големата сцена на МНТ каде што беше сместена и публиката. Токму поради тоа беше ограничен бројот на билети кои веднаш се распродадоа откако МНТ објави дека Народно позориште од Белград и Ристановски гостуваат на „МНТ-Фест“.

Ристановски како домаќин во својата матична куќа, суверено владееше на сцената, но сите пофалби одат за комплената екипа која игра во „Иванов“: Неда Шаргин, Предрраг Ејдус, Бранко Видаковиќ, Данијела Угреновиќ, Никола Вујовиќ, Бранка Петриќ, Вања Милачиќ, Бојан Кривокапиќ, Јелена Живковиќ, Предраг Васиќ, Немања Константиновиќ, Јелена Халупа, Никола Драгојевиќ, Иван Мирковиќ и Немања Бубало.

Медиумите во Србија веќе го прогласија Ристановски за нова регионлна актерска ѕвезда. Го паметиме Ристановски како Ахмет Нурудин во „Дервишот и смртта“ за која ја доби највисоката актерска национална награда, но и како Леоне во „Глембаеви“, Раскољников, Дон Жуан…а сега тој се фати во костец со јунакот на Чехов, Иванов, прерано уморениот, вечно во судир сам со себе.

„Иванов“ од Антон П. Чехов е во режија и адаптација на Татјана Мандиќ-Ригонат, а на матичната сцена претставата премиерно е изведена во октомври минатата година.

„Иванов“ е првата поставена претстава на Чехов. Праизведбата била во 1887 година во театарот „Корша“, по која авторот направил корекции на текстот  и неколку верзии, од кои најголемата промена била во доменот на жанрот – од комедија во драма – за изведбата во Александрискиот театар.

Нејзиниот успех се должел на тоа што се однесувала на актуелните проблеми на руските интелектуалци во осумдесеттите години на 19 век. Според театролозите, во руската театарска и литаратурна критика не постои лик што предизвикал толкав број расправи, спорови и интерпретации како Чеховиот Иванов.

Годинашниот МНТ Фест почна на 3 јуни со премиера на „Ничија земја“ во режија на Александар Морфов. На програмата на фестивалот беа и: „Магбет: Исплашена душа“ на Пекиншкиот оперски театар; „Дон Жуан“ на Народниот театар „Иван Вазов“ од Софија; Балкански стендап „Сашко Коцев и пријателите“, како и две претстави за најмладите во продукција на МНТ – „Силјан Штркот шанца“ и „Авантурите на Аладин“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top