среда, 28 јуни 2017 | Вести денес: 1 ново

Мејведер се подготвува за борба со Мекрегор

Продолжуваат шпекулациите околу потенцијалниот спектакл во најава помеѓу Флојд Мејведер, непоразениот боксер и Конор МекГрегор, една од најголемите ММА ѕвезди во светот.

Утрово, информации од Лас Вегас потврдија дека тимот на американскиот боксер направил резервација на „МГМ арената“ во Лас Вегас на 26 август, што дополнително ги „запали“ фановите ширум светот.

Мејведер, кој се пензионира со скор од 49 победи и ниту еден пораз, изјави дека ќе се врати во рингот само доколку добие понуда од над 100 милиони долари.

Од друга страна, како што претходно најави МекГрегор, неговиот дел од договорот за борбата е потпишан и се очекува само согласност од страна на неговиот противник за да се подготват последните детали.

Top