среда, 23 август 2017 | Вести денес: 71 ново

Форбс: Паф Деди е најбогат во забавната индустрија

Раперот Паф Деди со заработка од 130 милиони долари е прв на листа на најбогати луѓе во светот во забавната индустрија, според магазинот „Форбс“. Со ова тој ја победи својата колешка Бијонсе, која сега е на второто место, со заработка од 105 милиони долари, кои ги заработи на последна турнеја и албумот „Лемонејд“.

Лани Паф Деди беше на 22 место, а по само една година успеа да се искачи на првото. Денес тој тежи неверојатни 820 милиони долари.

Големото богатство го стакна лани благодарение на големата музичка турнеја „Лошите момци повторно зедно“ предводена од него, но и со настапи на познати музички имиња.

Top