четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 96 ново

Го крие богатството на „Црвенобрадиот“: Овој остров може да го посетат само 1 000 луѓе годишно

Островот Монте Кристо, кој го прослави францускиот писател Александар Дима во романот „Грофот од Монте Кристо“ чува легенда за закопано богатство кое наводно таму го сокрил познатиот пират  – Црвенобрадиот. Tаа привлекува бројни туристи на ова место кои сакаат авантура во своите патувања.

Овој мал остров во Тоскана, Италија го нарекуваат „осторв кој не постои“ е прогласено за природен резерват, а илталијанската влада наплатува по 50 евра за секоја негова посета.

Само илјада туристи годишно имаат дозвола за посета на овој природен рај, а за заинтересираните посетители постои и листа за чекање. Ако се запишете сега островот ќе може да го посетите во 2019 или 2020 година.

Точната локација и содржина на скриеното богатство и понатаму се мистерија, а гласините за островот како место на кое се крие плен, започнале уште пред неколку стотици години, кога манастирот на островот почнал да стекнува големо богатство.

Сепак, некои веруваат дека Црвенобрадиот со своите грабежи во 16 век, сите украдени скапоцености ги сокрил токму тука.

Top