петок, 28 јули 2017 | Вести денес: 81 ново

Надал го отказа учеството на Квинс поради замор

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нема да настапи на турнирот во Квинс и максимално ќе се концентрира на Вимблдон.

Шпанецот во неделата ја освои титулата на Ролан Гарос, а ако успее да го освои Вимблдон тогаш по тригодишна пауза ќе се врати на првото место. Сепак, Надал откри дека добил совет од лекарите дека му е потребен одмор, бидејќи неговото тело било исцрпено по напорната сезона на земјана подлога.

Учеството во Квинс го потврдија Вавринка, Мареј, Раониќ, Дел Потро, Чилиќ, Димитров, Кирјиос, Цонга и Бердих. Покрај Надал нема да настапи и Новак Ѓоковиќ.

Top