петок, 18 август 2017 | Вести денес: 33 ново

Новиот НБА шампион одби прием кај Доналд Трамп

Новите НБА шампиони, кошаркарите на Голден Стејт го одбија традиционалниот прием во Белата куќа, кај претседателот на САД, Доналд Трамп.

По првата рунда на славење на шампионската титула, кошаркарите од Оукленд, на тајно гласање едногласно одлучиле да не одат во посета на контроверзниот претседател. Играчите и управата на „воините“ не сака јавно да се произнесе околу новонастаната ситуација, но не е новост некои спортисти да не го поддржуваат претседателот на САД.

Поедини членови и на НФЛ шампионот Њу Ингланд исто така одбија средба со претседателот на САД, Доналд Трамп. Инаку уште од поодамна се познати негативните ставови на кошаркарите на Голден Стејт, Стеф Кари и Дејвид Вест, а и нивниот тренер Стив Кер смета дека Трамп не е вистинската личност за местото претседател на САД.

Колку за потсетување пред две години, веднаш по освојувањето на НБА титулата беа во посета на тогашниот претседател на САД, Барак Обама.

Top