сабота, 19 август 2017 | Вести денес: 60 ново

Петте најчести измами на летување на кои најчесто трошите пари

1. Достава на храна

Ако се наоѓате во некој резорт и се вратите во соба мртви уморни, а не сакате прескапо да плаќате оброк во хотелскиот ресторан, можеби леток за достава на храна ви делува како вистински благослов.

Го свртувате наведениот телефонски број, го диктирате бројот на својата картичка и подготвено ја чекате храната. Меѓутоа, не сте свесни дека постои реална шанса оброкот никогаш и да не ви стигне, а сте платиле за таа услуга со многу доверлива информација.

Често се случува измамници да остават вакви летоци за наводна достава на храна по хотелите, а всушност се во лов на кредитни картички. На многу туристи така потполно им се упропастува одморот. Затоа е најсигурно да го прашате рецепционерот што би ви препорачал како опција за оброк, или директно да го прашате дали летокот е веродостоен, пишува сајтот „Mental Flos“.

2. Бесплатен WiFi

Во денешно време, бесплатниот интернет е еден од животните приоритети, посебно на одмор. Така, кога ќе здогледаме оргомно име „БЕСПЛАТЕН WiFi“, по автоматизам брзаме да се приклучиме на него во менито во кое бираме мрежа за поврзување.

Тоа добро го знаат измамниците, па затоа намерно поставуваат бесплатни и отворени мрежи во близина на парковите или хотелите. Кога ќе се приклучите, ним им остануваат сите ваши податоци од кои некои се многу доверливи. Поради тоа ви е најпаметно да се контролирате и да барате мрежа со името на местото на коешто се наоѓате и кадешто треба да внесете шифра. За дополнителни информации, обратете се кај одговорните лица да ви кажат која е нивната мрежа и шифра.

3. Ноќни повици од рецепција

Доцна во ноќта ве буди упорно ѕвонење на телефонот и ја кревате слушалката. Љубезна „рецепционерка“ ви објаснува дека постои некаков „проблем“ со вашата кредитна кратичка и вие наивно ѝ ги диктирате податоците. Ова е уште една честа измама и затоа е пожелно сите плаќања да ги вршите лице в лице. Уште една паметна работа е секогаш да резервирате хотел со кредитна наместо со дебитна картичка, бидејќи кредитните картички имаат механизам за заштита од измамници.

4. Сте платиле за поглед на море, а гледате во градилиште

Ова можеби е најчестиот проблем со кој се соочуваат туристите. Меѓутоа, во времето на современата технологија нема потреба да се потпирате на информациите добиени од слаткоречивиот агент – одете на Google Street View и погледнете како навистина изгледа хотелот и на која локација се наоѓа. Проучете добро, па дури потоа уплатете.

5. Сите пари ви отишле на хотелска флаширана вода

Кога патувате во друга земја, посебно ако станува збор за некоја егзотична дестинација во која водата е со сомнителен квалитет, секогаш е добра идејата да се пие флаширана вода. Тоа го знаат и хотелиерите, па затоа ја креваат цената на водата. Или пак, не ни ставаат цена, знаејќи дека ако претходно ве предупредат дека водата од чешма не е за пиење, ќе бидете подготвени да платите било што. Поради тоа, паметно е претходно да се распрашате на интернет каков е квалитетот на водата во земјата што сакате да ја посетите. Но, најдобра идеја е да пиете флаширана вода која може да се купи и од локалните супермаркети за да не се доведете во состојба да плаќате астрономски цени за флашираната вода во хотелот.

Top