недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 22 ново

Почна аплицирањето за билети за УЕФА суперкупот во Скопје!

Европската куќа на фудбалот УЕФА ги објави цените на влезниците за Суперкупот во Скопје меѓу освојувачот на ЛШ, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Влезниците за спекткалот во нашата земја ќе чинат од 15 до 50 евра, а едно лице ќе може да аплицира за најмногу четири билети од истата категорија. Апликациите за билетите ќе се примаат од 13 јуни (14.00 часот) до 4 јули (14.00 часот).

Лицето *или лицата, доколку се аплицира за повеќе билети) кое ќе ги купи билетите мора да оди на мечот и истите не може да се префрлат на друго име. Доколку има промени во нарачката, тогаш лицето мора да најави промени на интернет-страницата на УЕФА.

За да аплицирате за билет, мора да се регистрирате на интернет-страницата на УЕФА.

Повеќе информации може да најдете на следниот ЛИНК.

Top