среда, 23 август 2017 | Вести денес: 34 ново

За безгрижен одмор: Лекови кои мора да ги понесете на летување

Во куферот за патување, мора да оставите место и најосновните лекови. За време на летниот одмор може да се појават алергии, стомачни тегоби, изгореници и повреди, па мора да сте подготвени и да имате лекови при рака.

Најнеопходни лекови се оние за намалување на температура, како и аналгетици. Покачената температура најчесто се јавува кај децата при промена на клима, па затоа добро е да носите лекови и сирупи на база на ибупрофен или парацетамол. Не заборавајте го и топломерот, па ако температурата трае подолго од три дена, обратете се кај лекар.

Кај возрасните најчесто се јавува дијареја и повраќање, поради труење од храна, вирусна инфекција или пиење на нечиста вода. Во овој случај мора да пиете многу течности за да не дехидрирате, но и да понесете лекови кои ќе може да ви помогнат, како што се пробиотиците.

Ако во случај дојде до некоја повреда, најважно е да се запре крварењето со притискање на раната, да се исчисти раната со хидроген или јод и потоа да се заштити со завој или фластер.

Доколку патите од некоја хронична болест, набавете си од терапијата доволно лекови кои ќе ви стигнат додека сте на одмор.

Не заборавајте да понесете и нешто за црвенило или осип. Токму затоа, пред да заминете на патување, посетете го вашиот лекар кој ќе ви препише рецепти за потребните таблети. На тој начин, ќе може да сте смирени, доколку се соочите со некој здравствен проблем.

Top