четврток, 16 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Владо Герогиев никогаш не бил посреќен-пејачот чека второ дете

Поп пејачот и кантавтор, Владо Георгиев и неговата избраничка Милица Самарџија го чекаат своето второ дете.

Како што открива добро упатен извор, Георгиев е пресреќен и веќе се пофалил на пријателите и соработниците.

-На седницата на СОКОЈ, меѓу останатите се обрати и Владо Георгиев. Штом застана на говорницата рече дека сака пред се да ги соопшти убавите вести и откри дека неговата сопруга, како што ја претставува Милица, повторно е бремена.Сите му апалудираа и честитаа, по што Георгиев кажа што имаше да каже врзано за седницата-открива соговорникот.

Владо и Милица првото дете го добија во септември минатата година, кога им се роди ќерката Софија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top