среда, 16 август 2017 | Вести денес: 76 ново

Колку долго мажите можат без секс?

Жените можат да издржат околу два месеца без секс, но за разлика од нив машката апстиненција издржува максимум три недели, покажа едно истражување. Тоа е така, затоа што девојките се многу емоционални и резервирани и можат да поминат само со една прегратка или бакнеж од саканата личност.

Се разбира влијаат и други фактори како темпераментот, возраста и стилот на живот.

Дваесетгодишните имаат многу повисоки нивоа на тестостерон и се подготвени да имаат секс многу често. Дури и кратката интимна пауза може да доведе до раздразливост и гнев.

Потоа настапува периодот во кој предност има квалитетот, а не квантитетот. На 30 години мажот веќе не е толку опседнат со идејата за сексот, бидејќи има нови приоритети, фокусирани на кариерата, семејството и децата. При секс три пати неделно, мажите на средна возраст се на седмо небо.

Кризата е најголема на 40 години. Според стручњаците физичката разлика меѓу 30 и 40­годишните мажи не е голема, но постои огромен јаз на психолошко ниво.

Top