среда, 28 јуни 2017 | Вести денес: 1 ново

Пораз на Ѓорческа во финалето во двојки на турнирот во Бол

Лина Ѓорческа и нејзината партнерка, Александрина Најденова од Бугарија го загубија денешното финале на турнирот во Бол.

Подобри од нив беа првите носителки Чуанг од Тајван и Ворачова од Чешка, кои славеа со убедливи 2-0 (6-4, 6-2). Мечот траеше еден час и десет минути, а македонско-бугарската двојка одигра под своето ниво и на крај заслужено загуби.

Ѓорческа настапи и во сингл конкуренција на турнирот во Хрватска и загуби во второто коло од Србинката, Ивана Јоровиќ.

Top