вторник, 21 ноември 2017 | Вести денес: 107 ново

Довициозо ја освои Каталуња, возачите на Јамаха потфрлија

Андреа Довициозо, моторциклистот на Дукати е победник на МотоГП трката за ГН на Шпанија која се возеше на патеката „Каталуња“.

Италијанецот имаше одлично попладне и успеа да го надмудри дуото на Дукати, Марк Маркез и Дани Педроса кои завршија на второто, односно третото место.

Валентино Роси и Маверик Вињалес, дуото на Јамаха, имаше ден за заборав, затоа што двајцата завршија на осмото и десеттото место.

Довициозо со денешната победа се искачи на второто место во генералниот пласман со 79 бода, зад Вињалес кој има 105 бода. Третата позиција му припаѓа на Роси со 75 бода.

Top