среда, 28 јуни 2017 | Вести денес: 79 ново

Албански историчар Еуген Шеху со порака до Ахмети и Села

Државниот завод за статистика, моќен извор на бројки и државни податоци продолжува да биде затворен со многу непознати за Албанците, информира новинската агенција ИНА.

И покрај постојаните напори досега, не е постигнато, што на клични позиции за донесување одлуки во ова институција да бидат поставени Албанци, на кои што и не им е дадено големо и значење.

Албанските истражувачи бараат да се навлезе во ова институција и да се разгледа улогата на албанскиот кадар во неговите осум сектори кои се машинерија што постојано вади бројки за социјалните и економските трендови и за разни области во земјата.

Историчарот Еуген Шеху вели дека албанските партии кои се дел од новата власт треба ра бараат да учествуваат во ова важна институција.

Албанските политички партии што се дел од оваа таканаречена “реформска влада“ на ФИРОМ, би било од голем национален интерес да бараат да земат што е можно повеќе ресори во Државниот завод за статистика. Овој завод од 1945 година до денес бил со затворени врати за Албанците. Таму е скриена статистичката и демографската вистина за Албанска Македонија, вели Шеху.

Здружението за регионална соработка и европска интеграција повика да ѝ се посвети внимание на ова институција.

„Заводот за статистика е важен и е неопходно во него да имаме Албанци во сите нивоа на одлучување. Ние ни малку не сме задоволни со досегашната работа на ова државна институција. И порано имало силни сомнежи за манипулација како со бројот на албаското население така и со бројот на гласачи. Од овие причини апелираме до албанската политика да изврши содветен притисок со цел да се избегне ова апсурдна и неподнослива ситуација“, се вели во реакцијата на Здружението за регионална соработка и европска интеграција.

Дури и меѓународни претставници во Скопје ја оцениле како проблематична оваа институција која се грижи за државните бројки, но тие побараа одговорните да се бараат од страна на институциите, преку албанските политички субјекти.

Албанските истражувачи и демографи не ја исклучуваат можноста за креирање на манипулации во јавноста и сценарија за намалување на процентот на Албанците во Македонија, пред следниот официјален попис.

Top