понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 57 ново

Седмо издание на Фестивалот за нова музика „Здраво млади“

Македонците „Демек“ е пост-пост комбо, кое се одликува по мешање на различни жанрови и тоа не само од музички карактер. Вистинска постколонијална егзотика. На бината внатре во културниот центар ќе натсапат и „Ву“ (WoO) од Србија кои се невозможни за стилска определба, тие носат таг на опскурно среќна музика и белградскиот изведувач „33.10.3402“ на окултни модуларни сонични колажи

В сабота, на 10 јуни ќе се одржи седмото издание на фестивалот за нова музика „Здраво млади“ во и пред Младинскиот културен центар (МКЦ). Годинава на две бини ќе настапат 10 изведувачи од шест различни држави.

Како главни ѕвезди на фестивалот настапуваат членовите на „Слоудајв“ (Slowdive) од Англија, кои се вистински легенди за генерациите што растеа со инди-музика на крајот на 80-тите и во 90-тите. Бенд кој со сета своја раскошност е вграден во темелите на она што подоцна ќе стане популарно како шугејз.

Потоа, доаѓаат „Кинг Кан и Шринс“ (King Khan & The Shrines) хиперсексуален гараж-панк од Канада виа Берлин. На едната сцена од фестивалот ќе настапи и „Ките Бејс“ (Kite Base) од Англија, класичен инди-став и песна врз електронски ритам, кој е сајд-проект на басистката на „Саваџис“ (Savages).

На бината надвор пред МКЦ ќе ги видиме и Англичаните „Андерграунд јут“ (The Underground Youth), манчестерски психоделичен пост-панк бенд, кој е најтопло препорачан да се види во живо и финците K-X-P кои претставуваат се електронска, транс-рокфри џез атракција од Хелсинки, која се карактеризира со костимиран и неверојатно енергичен жив настап.

Програмата курирана од страна на селекторот на „Дис-Патч“ (Dis-Patch) фестивалот од Белград, Реља Бобиќ ја сочинуваат: „Кридлер“ (Kreidler) од Германија, електрична дистописка авантура, потоа „Тапан“ кои доаѓаат од Белград и е нетипичен техно/електронски бенд, кој синтетизира ориентализам и џез импровизации.

Македонците „Демек“ е пост-пост комбо, кое се одликува по мешање на различни жанрови и тоа не само од музички карактер. Вистинска постколонијална егзотика. На бината внатре во културниот центар ќе натсапат и „Ву“ (WoO) од Србија кои се невозможни за стилска определба, тие носат таг на опскурно среќна музика и белградскиот изведувач „33.10.3402“ на окултни модуларни сонични колажи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top