петок, 28 јули 2017 | Вести денес: 67 ново

Јован Веселиновиќ: Во ба­ле­тот за до­бри уло­ги е по­треб­на дис­цип­ли­на

Ба­ле­тот е мош­не чуд­на умет­ност. Во исто вре­ме мо­жам да се чув­ству­вам сло­бо­ден, но и вр­зан, мо­жам да се чув­ству­вам фан­та­стич­но до­де­ка ме бо­ли се­ко­ја ко­ска од те­ло­то и та­ка во не­дог­лед. Тоа е ед­на ма­ши­не­ри­ја што ба­ра го­ле­ма жел­ба, огром­но одре­ку­ва­ње, огром­на дис­цип­ли­ни­ра­ност, огром­но тр­пе­ние, а, се­пак, да би­де­те среќ­ни, ве­ли Јо­ван Ве­се­ли­но­виќ

Јо­ван Ве­се­ли­но­виќ е истак­нат ба­лет­ски играч на На­род­но по­зо­ри­ште од Бел­град. Тој на ју­би­леј­но­то из­да­ние на Мај­ски­те опер­ски ве­че­ри го­сту­ва­ше во Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет, а не­го­во­то при­сус­тво го иско­ри­стив­ме за раз­го­вор… Ро­ден е на 2 но­ем­ври 1982 го­ди­на во Бел­град, за­вр­шил во бел­град­ско­то учи­ли­ште „Луј Да­ви­чо“, а по­тоа и че­ти­ри го­ди­ни во Мон­те Кар­ло на Ака­де­ми­ја­та за кла­си­чен ба­лет „Прин­це­за Грејс“ (Princesse Grace) во кла­са­та на Ма­ри­ка Бе­зо­бра­зо­ва. По за­вр­шу­ва­ње­то на обра­зо­ва­ни­е­то се вра­бо­ту­ва во На­род­но по­зо­ри­ште во Бел­град, ка­де што ги тол­ку­ва глав­ни­те уло­ги во „Ле­бе­до­во езе­ро“, „Жи­зел“, „Дон Ки­хот“, „Зас­па­на­та уба­ви­ца“… и мно­гу дру­ги. До­бит­ник е на на­гра­ди­те: „Ди­ми­три­је Пар­лић” за ба­ле­тот „Шест тан­ци” и „Step lightly”; на­гра­да­та на На­род­но по­зо­ри­ште за уло­га­та во „Ба­ја­де­ра“; на­гра­да на Фон­да­ци­ја­та „Ми­ло­рад Ми­шко­виќ“, ка­ко и на­гра­да­та „Терп­си­хор” за 2013 го­ди­на за ос­тва­ре­ни уло­ги од ре­пер­то­а­рот на На­род­но по­зо­ри­ште во Бел­град оди­гра­ни на ма­тич­на­та сце­на или на го­сту­ва­ње на дру­ги сце­ни во те­кот на ед­на се­зо­на, а кои се изд­во­и­ле спо­ред тех­нич­ки­от или умет­нич­ки­от ква­ли­тет.

Ка­ко ба­лет­ски умет­ник и со­лист на На­род­ни­от те­а­тар во Бел­град сте тол­ку­ва­ле без­број уло­ги на Ва­ша­та ма­тич­на сце­на, но и ка­ко го­стин во странс­тво. Ка­ко се под­го­тву­ва­те за уло­ги­те? Има­те ли не­ко­ја по­себ­на тех­ни­ка?
ВЕСЕЛИНОВИЌ: По­сто­јат мно­гу раз­лич­ни уло­ги и, се раз­би­ра, се­ко­ја има свој по­се­бен на­чин на под­го­то­вка. За не­кои прет­ста­ви, ед­но­став­но, е до­вол­но да до­а­ѓа­те на про­би и да ја веж­ба­те прет­ход­но по­ста­ве­на­та ко­ре­о­гра­фи­ја, до­де­ка не­кои ба­ра­ат вло­жу­ва­ње труд и ра­бо­та над­вор од са­ла­та и мно­гу раз­мис­лу­ва­ње, прес­лу­шу­ва­ње на му­зи­ка­та сѐ до­де­ка не се нај­де ви­стин­ски­от на­чин за ин­тер­пре­та­ци­ја на уло­га­та. Не­ма не­ко­ја по­себ­на тех­ни­ка, ста­ну­ва збор са­мо за дис­цип­ли­на.

Во Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет на­ста­пи­вте во „Ле­бе­до­во езе­ро“, а се­га по­втор­но го­сту­ва­те во „Кле­о­па­тра“. Лес­но ли оде­ше со­ра­бо­тка­та со ан­самб­лот на МОБ?
ВЕСЕЛИНОВИЌ: Со­ра­бо­тка­та со МОБ се­ко­гаш ми прет­ста­ву­ва­ла огром­но за­до­волс­тво. Ко­га чо­век ќе дој­де не­ка­де на краток пре­стој сѐ му изг­ле­да уба­во и по­тоа, ка­ко што по­ми­ну­ва вре­ме­то, поч­ну­ва да за­бе­ле­жу­ва не­кои дру­ги не­шта, до­де­ка ов­де го не­ма тоа. Прв­пат дој­дов во 2012 го­ди­на, а от­то­гаш на­ва­му до­а­ѓав по­ве­ќе па­ти на го­сту­ва­ње и се­ко­гаш се чув­ству­вам ка­ко да сум до­ма и се­ко­гаш сѐ бе­ше на ви­со­ко про­фе­си­о­нал­но ни­во. Да не збо­ру­вам за тоа кол­ку лу­ѓе­то од овој ан­самбл се дру­же­љу­би­ви и за­бав­ни и кол­ку уба­во се дру­жи­ме над­вор од Ба­ле­тот.

Обра­зо­ва­ни­е­то го здо­би­вте во Бел­град и во Мон­те Кар­ло. Да­ли, спо­ред Вас, е не­оп­ход­но да се над­гра­ди обра­зо­ва­ни­е­то на еден умет­ник во странс­тво и зо­што?
ВЕСЕЛИНОВИЌ: За ме­не бе­ше не­оп­ход­но да се над­гра­дам би­деј­ќи мош­не доц­на поч­нав да се за­ни­ма­вам со ба­лет. Но, сме­там де­ка не е не­оп­ход­на над­град­ба­та во се­кој слу­чај би­деј­ќи има мно­гу тан­ча­ри што за­вр­ши­ле обра­зо­ва­ние кај нас, а ста­на­ле пр­вен­ци на ба­ле­тот. Но, се­пак, би тре­ба­ло ба­рем мал­ку да се пре­сто­ју­ва во странс­тво, да се по­чув­ству­ва тој на­чин на ра­бо­та, таа по­све­те­ност на сво­ја­та ра­бо­та. За жал, на­ши­те учи­ли­шта функ­ци­о­ни­ра­ат спо­ред не­кој стар прин­цип, кој ве­ли де­ка е до­во­лен еден час днев­но, евен­ту­ал­но два. И, всуш­ност, нај­го­ле­ми­от проб­лем на учи­ли­ште­то е тој што ако уче­ни­кот ве­ќе е до­вол­но лош, не се пре­зе­ма ни­што за тоа пра­ша­ње, ту­ку со на­та­ло­жу­ва­ње на проб­ле­ми­те од го­ди­на во го­ди­на ста­ну­ва сѐ по­лош и по­лош.

Со ог­лед на фа­ктот де­ка од нај­ма­ли но­зе сте се обра­зу­ва­ле за ба­лет, што прет­ста­ву­ва за Вас ба­ле­тот? Ка­ко го до­жи­ву­ва­те? Што чув­ству­ва­те ко­га сте на сце­на?
ВЕСЕЛИНОВИЌ: Ба­ле­тот е ед­на мош­не чуд­на умет­ност. Во исто вре­ме мо­жам да се чув­ству­вам сло­бо­ден, но и вр­зан, мо­жам да се чув­ству­вам фан­та­стич­но до­де­ка ме бо­ли се­ко­ја ко­ска на те­ло­то и та­ка во не­дог­лед. Тоа е ед­на ма­ши­не­ри­ја што ба­ра го­ле­ма жел­ба, огром­но одре­ку­ва­ње, огром­на дис­цип­ли­на, огром­но тр­пе­ние, а, се­пак, да би­де­те среќ­ни.

До­бит­ник сте на по­ве­ќе на­гра­ди за Ва­ши­те уло­ги и за тех­нич­ки­от и умет­нич­ки ква­ли­тет. Ве ра­ду­ва­ат ли на­гра­ди­те? Да­ли ги до­жи­ву­ва­те ка­ко за­до­волс­тво или об­вр­ска?
ВЕСЕЛИНОВИЌ: На­гра­ди­те, се раз­би­ра, прет­ста­ву­ва­ат го­ле­мо за­до­волс­тво би­деј­ќи се по­твр­да де­ка тоа што сум го ра­бо­тел, сум го сра­бо­тил до­бро. Но, со нив до­а­ѓа и од­го­вор­ност би­деј­ќи но­си­те­лот на на­гра­да­та мо­ра се­ко­гаш да би­де на ви­со­ко ни­во во из­вр­шу­ва­ње на за­да­чи­те. Но, со ог­лед на тоа де­ка па­тот до на­гра­да­та е до­вол­но те­жок се прет­по­ста­ву­ва де­ка до­бит­ни­кот ќе про­дол­жи по­на­та­му и де­ка не­ма да на­за­ду­ва, та­ка што на­гра­ди­те мо­же да би­дат и до­бар ве­тер в грб.

Разговараше: Не­ве­на По­пов­ска
(Текст објавен во 249. број на неделникот „Република“, 9.6.2017)

Top