понеделник, 23 октомври 2017 | Вести денес: 50 ново

Ана Ивановиќ доби посебни почести од организаторите на Ролан Гарос

Организаторите на Ролан Гарос меѓу двете полуфиналиња на женскиот турнир и оддадоа посебна почит на српската тенисерка Ана Ивановиќ. Шампионката на Ролан Гарос од 2008 година, на крајот од мината сезона стави крај на својата тениска кариера, а од парискиот гранслем денеска и официјално ја испратија во спортска пензија.

Атрактивната тенисерка која со својот сопруг, германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер се пресели во САД, признава дека не и е лесно без тенисот, но дека не жали за својата одлука да стави крај на кариерата.

– Не е лесно, тенисот беше целиот мој живот, но драго ми е што сега имам слобода. Почнав да играм тенис гледајќи ја Моника Селеш, сакав да бидам пример за младите како неа. Ми недостасуваат натпреварите, но и сега сум зафатена, патувам, но, по своја желба и распоред и тоа ми е драго за промена. Не се каам за одлуката што ја донесов – вели Ана Ивановиќ.

Од организаторите на Ролан Гарос, српската тенисерка доби оргинална благодарница за се што постигна во белиот спорт – врамен пресек на подлогата на која се игра парискиот гранслем.

Top