петок, 18 август 2017 | Вести денес: 32 ново

Потресна исповед на сопатничката на Дражен-ја преживеа несреќата во која Петровиќ загина, но после доживеа пекол

Еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, Дражен Петровиќ загина во сообраќајна несреќа на 7 јуни 1993 година.

За разлика од останатите хрватски репрезентативци, кои во Загреб се враќале со авион, Дражен на пат тргнал со автомобил, со девојката, германската манекенка и кошаркарка, Клара Шаланци, која возела.

Тогаш 23-годишната талентирана кошаркарка Хилал Едебал била третата патничка во црвениот Голф, кој се судри со камион на германскиот автопат. Едебал денеска е жива, но со трајни последици на мозокот кои предизвикаа амнезија кај неа, па страда од „дупки во сеќавањата“, психилошки “кракови“ и проблеми со однесувањето.

-Зошто Петровиќ, човек со таков статус и богатство мораше да патува од Германија за Загреб со таков автомобил, а не со авион? Зошто јас се најдов тука? – се дел од прашањата кои со години ја мачат денес 47-годишната Хилал, која долго време е под лекарски терапии по сообраќајката.

-Ми беше многу тешко. Долго бев на терапии. Во потполност едно време го загубив сеќавањето. Не препознавав ништо во Минхен, градот во кој пораснав – рекла таа.

А, колку и било тешко објаснува и обидот за самоубиство. Нејзините родители доживеале потресна ситуација кога Едебал се обидела да се самоубие, сакајќи да скокне од 17-ти спрат од центарот за рехабилитација.

-Не планирав да скокнам за да се убијам. Сакав само да се разбудам од сонот. Мислев дека, кога ќе скокнам, ќе престанам да ја сонувам оваа ноќна мора – објаснила Едебал.

Едебал таа 1993 година патувала со својата пријателка Клара, прифаќајќи да и направи услуга. Клара сакала друштво на автопатот од Минхен до Франкфурт, каде заедно го собрале Дражен Петровиќ од аеродром. Таму хрватската репрезентација допатувала од Полска каде играла квалификации за ЕП. Место со останатите од тимот да продолжи со авион за Загреб, Петровиќ носен од желбата да ја види својата девојка, одлучил да патува со автомобил.

Околу 17:20 часот црвениот голф со полна брзина се забил во камион-цистерна кој бил на сред пат. Според полициските извештаи, возачот на камионот излегол од возилото и им сигнализирал на возачите на автомобилите кои доаѓале да ја намалат брзината затоа што камионот се излизгал. Но, за црвениот голф било прекасно.

Клара се обидела со свртување да го избегне неизбежното, со што Дражен, кој бил на совозачкото место, го оставила најранлив на ударот кој следел. Возело пребрзо, многу над дозволеното… Дражен, кој не бил врзан на совозачкото место, и спиел, излетал од предното стакло и со глава удрил во цистерната загинувајќи на лице место.

Едебал, 188 висока кошаркарка, која исто така не била врзана, удрила со глава и тело на предното седиште.

-Родителите секој ден доаѓаа да ме посетуваат иако за тоа им требаше два часа возење. Лекарите постојано им зборуваа дека би можела да преживеам. Никогаш со сигурност не им кажаа дека ќе преживеам. Кога зборувам за тој ден, секако дека Клара не сакаше да се случи тоа, но дефинитивно возеше пребрзо. И ми го упропасти животот. Подобро и јас да умрев – вели Хилал, која води и во моментов далеку од нормален живот.

Во целиот овој случај и натаму останува нераскажана приказна од Клара Шалаци, која одбива секаков обид за разговор на болната тема. Таа подоца се омажи за германскиот фудбалски репрезентативец Оливер Бирхоф во 2001 година, откако ја заврши својата кошаркарска кариера и кариерата на модел.

По несреќата Клара минала една недела на интензивна нега. Единствена трага од несреќата кај неа е мала лузна на челото. Набрзо по несреќата повторно возела без проблеми, работела како фотомодел во САД и ја продолжила професионалната кошаркарска кариера во Германија.

Top