петок, 22 јуни 2018 | Вести денес: 0 ново

Сара Мејс: Лажев

Сара Мејс и Дамјан Пејчиноски денес ја објавија новата песна насловена „Лажев“. Музиката на „Лажев“ е на Сара Мејс и Дамјан Пејчиноски, текстот е на Сара,а аранжманот на Бојан Трајковски.

Новиот видеозапис е снимен во МОБ, а е дело на Ѓорги Вацев и Пеце Здравковски.

Овие два исклучителни македонски музичари отсекогаш се водени од љубовта која ја имаат кон музиката и нивните изведби неретко допираат до сетилата на слушателите. „Лажев“ е нешто што се роди од чувства кои директно ја поттикнаа артистичката елација на Сара и Дамјан откривајќи нешто посензитивно од вообичаено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top