среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 98 ново

Ракометната бајка на Циндриќ: Работел на паркинг, а четири години подоцна стана европски шампион

Пред четири години една од ѕвездите на Вардар, Лука Циндриќ играл во Карловац и станал најдобар стрелец во домашната лига со постигнати неверојатни 123 гола. Но и покрај овој учинок, многумина стучњаци во Хрватска за него велеле дека е премногу ситен и нема да успее во ракометот. И тоа како се излажале.

Патот до ракометниот врв на Европа на Лука Циндриќ е доста поразличен од оние на останатите ракометари. Хрватскиот портал „Јутарњи.хр“, открива детали од животот на херојот на Вардар. Пред четири години Циндриќ работел на паркинг, а сега е европски првак.

– Работеше на паркинг, потоа му се приклучи Борозан, но не можеше да работи бидејќи немаше дозвола. Играа заедно, за кратко време станаа страшен тандем, кој по четири години успеа да го освои златниот медал во Лигата на шампионите, изјавил сопственикот на Карловац, Давор Златиќ.

Она што е доста интерeсно што Циндриќ имал предиспозиции за фудбалер, но тој сепак го одбрал ракометот. Причината поради која за кратко време успеал да стигне до Вардар и да напредува е неговата упорност.

-Секој тренинг беше 200 на час! Многупати му викаме: Лука, немој баш секогаш да влегуваш, но тој едноставно е таков. Во играта ’еден на еден’ секогаш беше доминантен, но тоа не беше неговиот адут. Циндриќ е опасен кога ќе му поставиш цел, задача и мислам дека Раул токму во таа смисла го извлече најдоброто од него. Често се гледаме кога доаѓа, зборуваме баш за тоа. Мислам дека во Келн тоа најдобро се виде, вели првиот тренер на Лука во Карловац, Дино Ѓанковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top