недела, 24 септември 2017 | Вести денес: 56 ново

Маневски: По чија мерка не е Марко Зврлевски?

Предлогот на владата се уште го немаат добиено членовите на советот на јавни обвинители за да се види што тој содржи и тој предлог за разрешување на јавен обвинител за да биде тој валиден треба да содржи факти и аргументи, не е доволно само дека тој постапува несовесно и едно обично наведување на одредбата од законот и тоа да се смета како предлог, вели Михајло Маневски поранешниот министер за правда.

– Што му се става сега на товар на Марко Зврлевски? По чија мерка не е, по мерката на СДСМ, не е по мерка на Заев? Или по мерка на граѓаните? Советот на јавни обвинители е највисокото тело кое ја оценува работата на Јавното обвинителство и работата на вајвниот обвинител, видовме какво мислење има претседателот на советот на јавни обвинители, тој е долгогодишен обвинител како и јас кој е 27 години јавен обвинител и 12 години сум бил во јавното обвинителство на Македонија. Така да кога се посегнува да се разрешуваат стручни кадри треба да имс е каже зошто се разрешуваат, а не да им се стави само една етикета дека вие сте непристрасни, несовесни, нестручни за да дојде обвинител по мерка на власта која сега доаѓа, вели Маневски.

Top