среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 56 ново

„Пејзажни размислувања’“ на Деспот, Сандева и Џинго денеска во Музеј на град Скопје

Изложбата насловена “Пејзажни размислувања” ќе биде отворена на 8.јуни во 19 часот во Музејот на град Скопје и ќе биде претставена на публиката до 14 јуни.

Претставувајки графички решенија од 5 проекти за пејзажно уредување,авторите Катерина Деспот,Васка Сандева и Александар Џинго, преку 20 графички панели ја приближуваат на публиката,идејата за пејзажната уметност и дизајнерските можности кои таа ги нуди. Изложбата ќе ја отвори Д-р Бојан Симовски кој во предговорот за каталогот напоменува дека:

-Концептот пејзажна уметност како дизајнерска интерпретација на современата реалност на паркот е основен мотив во претставувањето на авторите на изложбата. Се работи за комбинирана техника на хартија и мисловен процес – скицирање до еден резултат на реален проект.

Темата заокружена под наслов “Пејзажни размислувања” делумно реална и постоечка која го открива пејзажот онаков каков што тој се отсликува во нив, целосна разработка на композицијата како основа за создавање на проекти од пејзажен дизајн.

Изборот во решенијата е ставен во разработка на слободни отворени композиции –  композицијата да може да се нахранува и моделира. Решението на парковите е во слободен пејзажен стил. Притоа, вешто и стручно се искористени сите елементи на пејзажниот дизајн.

Во актуелна серија, со специфичен концепт на репрезентативни проекти со кои е претставен еден малку поразличен начин на мислење кои авторите го прикажуваат пејзажот како една слободно измоделирана линија на отворените пространства. Уметноста, графичката линија и пејзажниот дизајн кога се соединети во едно си помагаат едни на други и претставуваат добра релација, но покрај тоа создаваат и силна експресија како спој. Изложувањето на композициите во комбинирана техника создаваат континуитет. Резултатот е истражување во визуелна дизајнерска категорија која има одредена функција за природата и природните елементи во современата релација на зелениот дизајн“.

 

Top