петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 0 ново

Ја избра Дилара, но на Денис повеќе му прилега Чансу (ФОТО)

Во популарната турска хит серија „Парампарче“ улогата на момчето на Џансу, Денис, ја толкува 29-годишниот турскиот актер и манекен Чејхан Менгироглу.
Романтичен, шармантен, скромен и многу вљубен се одликите на карактерот кој го толкува, но во приватноста Чејхан е потемпераментно младо момче по кое трчаат многу девојки.

Дипломирал туризам во Истанбул, а со актерство се занимава уште од дете.
Чејхан и неговата девојка Дилара Аксујек се една од најзгодните познати двојки. Триесетгодишната Дилара е исто така актерка, која сме ја гледале во неколку турски серии: „Сулејман Величествениот“, „Милост“ и др.

За разлика од Чансу, која му е девојка на Денис во серијата, Дилара навистина е многу поубава, но и многу попластична. Турската јавност негодува бидејќи младата актерка претерала со пластичните операции на лицето, а фановите коментираат дека на убавиот Денис повеќе му прилега слатката Чансу отколку пластичната Дилара

Top