вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 75 ново

„Црвената соба“ во среда во Македонска опера и балет

Во среда, (14 јуни), со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Црвената соба“. „Црвената соба“, е модерен балет работен според Шубертовиот квартет бр. 14, по либрето на Сашо Димоски, во кореографија на Игор Киров. Киров на македонската публика и е познат по успехот  што го постигна со поставувањето на веќе популарната „14 Часа“. Во моментов, Киров е Уметнички директор на балетскиот ансамбл во театарот во Сплит, Хрватска. Асистент на кореографот е гостинката од Словенија, Мојца Мајцен. Сценограф е Марија Ветероска, додека костимограф, Александар Ношпал, a светло мајстор, Милчо Александров.

Настапуваат првенците и солистите на балетот на МОБ: Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили (Грузија), Мими Поп Алексова Атанасовска, Марија Кичевска Шокаровска, Андреј Литвиненко (Украина), Саша Евтимова, Марина Анастасовска, Илијана Данилов, Диљана Јанева (Бугарија), Дојчин Дочев (Бугарија), Игор Веланоски, Агим Бафтии, Ендру Кук (Англија) и Светлин Стојанов.Претставата е предвидено ова лето да гостува во Сплит, Хрватска.

За „Црвената соба“…
Црвената соба, претставува една сосема поинаква „боја“ од моето творештво, со една сосема нова енергија и креативен концепт. Во неа го користам телото како инструмент за изразување на многу различни емотивни состојби кои се содржани во една музичка целина свирена од само четири гудачки инстрименти. Музиката на Шуберт изразена преку моите движења отсликуваат едно видување за вечната потрага по единственото, недостижното, совршеното; по нешто што секогаш го бараме во себе, а го пронаоѓаме во другите. Ова е мојата приказна за копнежот по љубовта…стравот од непознатото…., вели 
Игор Киров – корeoграф

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top