недела, 17 декември 2017 | Вести денес: 75 ново

Рандеву

 

Ацо Станковски

Ацо Станковски

 

Кабината за туширање беше замаглена од врелата вода што лееше врз главата и телото на Зеко. Тоа беше единственото место каде што можеше да се отпушти и да ја доживее чистата слобода на егзистенцијата. Борбата што ја водеше со сите средства сите овие години, конечно резултираше со успех.

• „Per aspera ad astra“ – преку трње до ѕвездите. Пророштвото се остварува. Конечно, тој ќе стане владетел, а оваа мисла му даваше животинска енергија, со која, за волја на вистината, го преора теренот и компензираше 180 000 гласови разлика за само две години.

• Еј, тој повторно загуби, по толку тегнење тестиси и истискување дисаѓи, па да не беа меѓународните сатрапи, а и цела Европа и Америка да се стават зад неговото интронизирање, па другарите од Берн, па милите и драги комшии од Голема Албанија, ќе загубеше, ехееееј, голема војска се собра од секаде за да зацарува Зеко, миленикот на НАТО и на ЕУ и на сите педери и нимфоманки што ги управуваат овие перверзни организации.

• А македонскиот народ и народностите?

• Немој сега да ме заморуваш со тривијални и популистички прашања – му се вдаде Зеко на другиот во себе.

Имено, Зеко е хомо дуплекс, како што е, впрочем, и секоја личност со толкава историска магнитуда. Првиот Зеко е предатор, амбициозен и бескрупулозен алфа мажјак со насмевка што плени. Навидум е питом како зајче, но за миг знае да се претвори во бесен црн пантер и да нападне со монструозна сила и гнев. Тие, што ќе го потценат, стануваат негов лесен плен.

Како и секој ловец и месојадец, тој нема скрупули кога доаѓа часот за вечера, тогаш ќе го видите во неговиот застрашувачки сјај.

Вториот во Зеко, но, исто така, дел од оваа комплексна личност, е прагматичен бизнисмен со чорбаџиски менталитет. Тој е поврзан со масите, посебно со оние од руралната провиниенција.

Чудесно е, колкава е довербата кон него од страна на селаните, кои ги наполнија своите амбари од субвенциите што ги делеше коалициската влада на ВМРО-ДПМНЕ, довербата на сите тие вечно незадоволни паори кон тој другиот во Зеко, кој знае да вети брда и долини кога е во прашање среќата на народот.

Додека водата го миеше од косата шампонот против првут што го рекламираше Роналдо од Реал Мадрид, Зеко повторно потона во мислите.

• Не смеам да потфрлам. Та, јас сум кралот на корнишоните. Ова ќе биде мојот ултимативен триумф. Најмоќната жена во Европа ќе ме чека на интимна вечера во нејзиниот таен апартман во Брисел.

Тој повторно ги провери атрибутите на својата машкост. Беше задоволен, сѐ беше на место и во целосна готовност. Овој пат ќе ѝ покаже кој е Зеко. Плус шампањ, како во филмовите со Џејмс Бонд. Само „чадорот“ да не му се набие во оваа интима над интимите. Јавајќи ја неа, ќе ја јава Европа како некогаш Наполеон Бонапарта.

• „L’argent, l’argent et tout le monde“– велеше Наполеон. Зеко отсекогаш ја мантраше оваа изрека на Бонапарта – „пари, пари и целиот свет“ – тоа беа херојските денови на банката на Ротшилд од Франкфурт.

Зеко беше голем љубител на пари. Тој, иако во најубавите години од животот, сепак знаеше што е тоа работа и што е тоа бизнис. Порасна на нива и од овој тврд реалистички амбиент ја црпеше својата мудрост, но и ги градеше своите стратегии. Така стана бесчувствителен кога требаше да ги остварува своите интереси. Тврд и без трошка емоција, како што се пространите ниви на македонската почва натопена со крв.

• Но, како што вели Вилхелм Рајх, кого ФБИ го измалтретира до смрт поради своите психотерапевтски методи што ги практикуваше во педесеттите година на Флорида, САД, а во кои сексот беше дел од неговите програми за ментална, но и психофизичка рехаблилитација, метод на излекување, кој властите го видоа како неморален и опасен, па го затворија во самица и таму го убија. Значи, ресетирање на измалтретираниот систем преку копулација и оргазам.

• „Ики ќеф ем бир лезет“ –(два ќефа и еден лезет) – си промрмори Зеко како за себе. Ќе се дотера, ќе се измазни, ќе биде како жиголо од Калабрија. Првата дама на ЕУ ќе полуди од среќа кога ќе го види, а, пак, корнишонот !? Е, тоа ќе ја исфрли во стратосферата. Знае Зеко како треба. За сеопшта среќа!

Времето се тенчеше, требаше да се прекина оваа медитација и да се тргне кон целта. Одеднаш му светна нешто во најчувствителниот дел од мозокот.

• А Еди?! Тоа што дојде во тренерки силно ја изнервира најважната жена во хиерархијата на бирократите на ЕУ. Таква дрскост на посвојување не може да помине кај олку моќна и горда жена. Селанец. Таа мрази мачоисти, па макар имале и магарешки фалус. Затоа вчера на заедничката вечера со премиерите од Западен Балкан таа толку брзо и ефикасно го откачи дрскиот Арнаут и фати да кокетира со претседателот Волчиќ.

А овој остана гневен и незаинтересиран поради политиките на ЕУ кон Косово. Но, тука е Зеко, со неодоливата насмевка.

• Кога ќе ја изненадам вечерва со орјашки оргазам, ќе почне да ми јаде од рака. А тогаш може и Тито нов на Балканите да станам.

• Ах, што велеше Балзак – „нема поголемо уживање отколку уживањето во чекањето уживањето да дојде“ – си мислеше Зеко додека ги облекуваше своите бели кошули пред огледалото изработено од Сваровски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top