среда, 28 јуни 2017 | Вести денес: 1 ново

Лорд Холмс, параолимпиец: Премногу им се кажува на луѓето дека не можат да успеат место да им се каже дека можат

Ве­ру­вам де­ка си­те има­ме по­тен­ци­јал да ус­пе­е­ме без гра­ни­ци, а, се­пак, се­којд­нев­но се огра­ни­чу­ва­ме се­бе­си за да им овоз­мо­жи­ме на дру­ги­те да нѐ око­ва­ат со нив­ни­те гра­ни­ци. Сѐ се све­ду­ва на тоа да се има ви­зи­ја, да си го нај­де­ме со­нот и да ги на­те­ра­ме лу­ѓе­то око­лу нас да поч­нат да го пре­тво­ра­ат тој сон во ре­ал­ност

По мно­гу­број­ни­те мо­ти­ви­рач­ки го­во­ри на кон­фе­рен­ци­и­те ТЕД низ све­тот, во Скоп­је го­сту­ва­ше лорд Крис Холмс, еден од нај­ус­пеш­ни­те па­ра­о­лим­пиј­ци во све­тот. Тој ја спо­де­ли сво­ја­та при­каз­на на јав­ни­от на­стап „Очи за ед­на­квост“ на кој го­во­реа и ма­ке­дон­ски­от па­ра­о­лим­пи­ец Бра­ни­мир Јо­ва­нов­ски и Ван­гел Тр­ка­ља­нов, кој се за­ни­ма­ва со па­раг­лај­дерс­тво. На­ста­нот бе­ше под­др­жан од Бри­тан­ска­та ам­ба­са­да во Скоп­је.

Лор­дот Холмс од Рич­монд е до­бит­ник на де­вет злат­ни, пет сре­бре­ни и еден брон­зен ме­дал. На 14 го­ди­ни, со­се­ма не­о­че­ку­ва­но, пре­ку ноќ го за­гу­бил ви­дот, но не и мо­ти­вот за жи­вот и за спор­ту­ва­ње. Де­нес, по за­вр­шу­ва­ње на спорт­ска­та ка­ри­е­ра, тој е дел од Гор­ни­от Дом на Пар­ла­мент на Бри­та­ни­ја, фо­ку­си­рај­ќи го сво­е­то ра­бо­те­ње на вра­бо­ту­ва­ње, обра­зо­ва­ние и ве­шти­ни, ме­ди­у­ми, спорт и ди­ги­тал­ни мож­но­сти за ли­ца­та со преч­ки во раз­во­јот.

– Ве­ру­вам де­ка си­те има­ме по­тен­ци­јал да ус­пе­е­ме без гра­ни­ци, а, се­пак, се­којд­нев­но се огра­ни­чу­ва­ме се­бе­си за да им овоз­мо­жи­ме на дру­ги­те да нѐ око­ва­ат со нив­ни­те гра­ни­ци – ве­ли во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ лор­дот Холмс. 

Лорд Холмс, Вие сте нај­ус­пеш­ни­от па­ра­о­лим­пи­ец во Обе­ди­не­то­то Кралс­тво. Кол­ку „крв, пот и сол­зи“ беа про­ле­а­ни за овој ус­пех? 

ХОЛМС: Це­лос­но бев по­све­тен на мо­ја­та пли­вач­ка ка­ри­е­ра. Тоа зна­че­ше де­ка ста­ну­вав се­кој ден во 4.40 на­у­тро, пли­вав два ча­са, 8,000 ме­три и по­тоа уште два ча­са на­ве­чер и еден час во са­ла за веж­ба­ње. Освен тре­нин­гот, сѐ што пра­вев, мо­ра­ше да го по­ми­не ед­но­став­ни­от тест „да­ли ќе ми по­мог­не да пли­вам по­бр­зо?“ Тоа се од­не­су­ва­ше на ре­жи­мот на ис­хра­на, спи­е­ње­то, ду­ри и да­ли да одам пе­шки до учи­ли­ште или не, се­ко­ја од­лу­ка бе­ше по­све­те­на на таа ми­си­ја. Та­ка што, ко­га ќе стиг­нев до по­че­то­кот на тр­ка­та, зна­ев де­ка сум на­пра­вил сѐ што сум мо­жел. За се­кој за­мав што ќе го на­пра­вев во таа тр­ка, ќе имав исп­ли­ва­но два ми­ли­о­на ме­три. Ил­јад­ни­ци ча­со­ви и ми­ли­о­ни ме­три пре­то­че­ни во со­вр­ше­но­то пли­ва­ње на Па­ра­о­лим­пи­ски­те игри.

Друг ва­жен еле­мент бе­ше ти­мот – имав иск­лу­чи­те­лен тре­нер и фан­та­стич­на еки­па. Си­те имав­ме це­лос­на до­вер­ба ед­ни во дру­ги. До­вер­ба­та се зас­но­ва­ше на отво­ре­на, јас­на ко­му­ни­ка­ци­ја, со­ра­бо­тка и вер­ба еден во друг и ми­си­ја­та на ко­ја си­те ние бев­ме. Зна­чи, има­ше ма­ко­трп­на ра­бо­та, за­ед­нич­ки стре­меж кон зна­чај­на цел, од­ли­чен тим и, се раз­би­ра, „крв, пот и сол­зи“.

Поз­нат сте по Ва­ши­те инс­пи­ра­тив­ни го­во­ри на кон­фе­рен­ции низ све­тот. Што нај­че­сто Ве пра­шу­ва­ат? Што са­ка­ат да доз­на­ат слу­ша­те­ли­те?

ХОЛМС: Лу­ѓе­то мно­гу ги ин­те­ре­си­ра „ка­ко“. Ка­ко е мож­но тол­ку на­пор­но да се тре­ни­ра? Ка­ко е мож­но да се из­др­жи бол­ка­та? Ка­ко е мож­но да се осво­јат 9 злат­ни ме­да­ли? Ка­ко е мож­но да се пре­не­сат овие по­ра­ки во биз­ни­сот и јав­ни­те ин­сти­ту­ции за да им се овоз­мо­жи да има­ат ма­кси­мал­ни ре­зул­та­ти? Ми се до­па­ѓа што имам мож­ност да го иско­ри­стам мо­е­то искус­тво да им по­мог­нам на дру­ги­те да ги про­нај­дат сво­и­те од­го­во­ри и мож­но­сти. Че­сто ме пра­шу­ва­ат ка­ко сум пли­вал во пра­ва ли­ни­ја и ка­ко сум зна­ел ко­га да се свр­там? Од­го­во­рот бе­ше во про­це­сот на обу­ка – да се раз­вие со­вр­ше­но ба­лан­си­ран за­мав со цел да се одр­жи пра­ва ли­ни­ја и да се брои бро­јот на за­ма­ви за да зна­е­те ко­га точ­но тре­ба да свр­ти­те на­зад. Не се­ко­гаш оде­ло пра­вил­но на тре­нинг, но тоа е во ред, тре­нин­гот е ме­сто­то за уче­ње, да ги на­пра­ви­те си­те ва­ши гре­шки, та­ка што ко­га ќе дој­де до са­ма­та тр­ка, си­те гре­шки да се оста­ват во ба­зе­нот и фи­на­ле­то да би­де со­вр­ше­на из­вед­ба.

Не­ма крај за лич­ни­от раз­вој, вели лорд Крис Холмс

Вие сте до­каз де­ка не­ма гра­ни­ца за тоа што мо­же да се по­стиг­не. Да­ли е точ­но де­ка чо­ве­кот не­ма огра­ни­чу­ва­ња?

ХОЛМС: Ве­ру­вам де­ка си­те има­ме по­тен­ци­јал да ус­пе­е­ме без гра­ни­ци, а, се­пак, се­којд­нев­но се огра­ни­чу­ва­ме се­бе­си за да им овоз­мо­жи­ме на дру­ги­те да нѐ око­ва­ат со нив­ни­те гра­ни­ци. Сѐ се све­ду­ва на тоа да се има ви­зи­ја, да си го нај­де­ме со­нот и да ги на­те­ра­ме лу­ѓе­то око­лу нас да поч­нат да го пре­тво­ра­ат тој сон во ре­ал­ност. Прем­но­гу им се ка­жу­ва на лу­ѓе­то де­ка не мо­жат да ус­пе­ат ме­сто да им се ка­же де­ка мо­жат.

Ко­га го из­гу­бив ви­дот, на 14 го­ди­ни, ми ре­коа де­ка не мо­жам да одам на учи­ли­ште. Ми ре­коа де­ка ќе мо­рам да одам во спе­ци­јал­но учи­ли­ште. Ми ре­коа де­ка не­ма да мо­жам да се вра­там во клу­бот ка­де што пли­вав, не­ма­ше лу­ѓе со преч­ки во раз­во­јот во ре­дов­ни­те пли­вач­ки клу­бо­ви во тоа вре­ме. Но, ме­сто да го при­фа­там тоа, јас ус­пе­ав да ги убе­дам и дру­ги­те лу­ѓе да не го при­фа­тат тоа, нај­мал­ку мо­и­те учи­те­ли и тре­не­рот по пли­ва­ње, кои беа фан­та­стич­ни. Си­те беа под­го­тве­ни да ви­дат ка­ко ќе одат ра­бо­ти­те. Се да­доа и ми овоз­мо­жи­ја да се вра­там во исто­то учи­ли­ште и на исти­от ба­зен. Ми по­мог­наа да се за­јак­нам ка­ко ин­ди­ви­дуа и та­ка ми по­ка­жаа ка­ко мо­же да се на­пра­ви ви­стин­ска, одрж­ли­ва про­ме­на.

За­вр­шу­ва ли не­ко­гаш лич­ни­от раз­вој?

ХОЛМС: Не­ма крај за лич­ни­от раз­вој. Си­те сме на не­кој пат и тре­ба да би­де све­тол, пре­кра­сен и ис­пол­ну­вач­ки. Не­ма се­ко­гаш да би­де лес­но, ќе има тол­ку тем­ни мо­мен­ти што го зас­ле­пу­ва­ат де­нот, но ќе има и та­кви уба­ви де­но­ви што гра­ди­те ќе ти прс­нат. При­фа­ти го ло­шо­то и до­бро­то и за­вр­ши/истр­чај ја тр­ка­та, на­пи­ши ја тво­ја­та при­каз­на.

Ко­га за­вр­шив со пли­ва­ње­то, са­кав нов пре­диз­вик. Ре­шив да на­у­чам да ски­јам. По­втор­но, тоа се зас­но­ва­ше на до­вер­ба, мо­рав да се ста­вам во ра­це­те на не­кој друг. Ски­јам со апа­рат за слу­ша­ње и со ин­стру­ктор, кој е де­сет ме­три зад ме­не и ми ка­жу­ва ко­га да свр­там и кол­ку е стр­мен те­ре­нот. Бе­ше од­ли­чен тест: учев но­ва ве­шти­на, ве­ру­вав не­ко­му и ужи­вав во уни­кат­на­та ре­ге­не­ра­тив­на при­ро­да на пла­ни­ни­те.

Да се жи­вее, зна­чи по­сто­ја­но да се ба­ра, да се стре­ми, да се учи. Уни­вер­зум на мож­но­сти, и тол­ку мно­гу од нив мо­же­ме да ги иску­си­ме, ужи­ва­ме и са­ка­ме. 

Во мо­ти­ва­ци­ски­те го­вор­ни­ци че­сто се ве­ли „би­де­те ре­ал­ни, оче­ку­вај­те чу­да“. “ Да­ли се сог­ла­су­ва­те со тоа твр­де­ње?

ХОЛМС: Ап­со­лут­но. Ве­ру­вам де­ка не­ма ма­гич­на прав да ис­по­ра­ча ус­пех, и тоа е всуш­ност ма­гич­но­то. Зна­чи, си­те ние, обич­ни­те лу­ѓе мо­же­ме да го по­стиг­не­ме на­ши­от по­тен­ци­јал, мо­же­ме да по­стиг­не­ме го­ле­ми ус­пе­си. Ве­ру­вам де­ка се­ко­гаш е за­ед­нич­ка ра­бо­та, не­ма та­кво не­што ка­ко ин­ди­ви­ду­ал­но по­стиг­ну­ва­ње, са­мо за­ед­нич­ки ус­пех. Зе­ме­те го при­ме­рот на Олим­пи­ски­те и на Па­ра­о­лим­пи­ски­те игри во Лон­дон 2012 го­ди­на. Ни­кој не мис­ле­ше де­ка Лон­дон ќе по­бе­ди во тр­ка­та да би­де до­ма­ќин, а уште по­мал­ку де­ка ќе ор­га­ни­зи­ра та­кви вос­хи­ту­вач­ки игри. Ка­ко го на­пра­вив­ме тоа? Имав­ме јас­на ви­зи­ја, ми­си­ја, стра­те­ги­ја и план. Прив­ле­ков­ме лу­ѓе од си­те сре­ди­ни, мла­ди и ста­ри, со преч­ки во раз­во­јот и без, дол­го вре­ме не­вра­бо­те­ни, по­ра­неш­ни пре­стап­ни­ци. Си­те ги во­ве­дов­ме во кул­ту­ра­та на Лон­дон 2012, ги по­вр­зав­ме со цел­та и ги ос­ло­бо­див­ме да ја ра­бо­тат нај­до­бро во жи­во­тот. Имав­ме ја­сен, раз­во­ен про­цес на учи, обу­чи, те­сти­рај и, клуч­но, ве­ру­вај. До­вер­ба­та бе­ше нај­бит­на­та од че­ти­ри­те за да се овоз­мо­жи ма­ги­ја­та да те­че во тоа пре­крас­но спорт­ско ле­то во Лон­дон во 2012 го­ди­на.

Кој бе­ше нај­те­шки­от мо­мент во Ва­ша­та ка­ри­е­ра? Да­ли не­ко­гаш има­ло мо­мент ко­га сте по­са­ка­ле да се отка­же­те и да за­ми­не­те? Што би­ла Ва­ша­та мо­ти­ва­ци­ја да не се отка­же­те во бор­ба­та?

ХОЛМС: Ко­га пли­вав на мо­ја­та пр­ва тр­ка на Па­ра­о­лим­пи­ски­те игри во Ат­лан­та. Го бра­нев шам­пи­он­ско ме­сто од Бар­се­ло­на осво­е­но че­ти­ри го­ди­ни прет­ход­но. Пли­вав, за­вр­шив со лич­но нај­до­бро вре­ме и го ур­нав свет­ски­от ре­корд кој бе­ше стар 14 го­ди­ни. Го на­пра­вив се­то тоа и бев втор. Бе­ше ужас­но. Вес­ни­ци­те беа про­тив ме­не. При­ти­со­кот бе­ше врз ме­не, но зна­ев де­ка тре­ба да оста­нам фо­ку­си­ран за след­на­та тр­ка, 100 ме­три сло­бо­ден стил. Сѐ за­ви­се­ше од ме­не, да не се отка­жам, да не би­дам де­кон­цен­три­ран, ту­ку да се др­жам до цел­та, да пли­вам и да се оби­дам да ја по­бе­дам тр­ка­та пред ме­не.

Ко­ја е Ва­ша­та по­ра­ка за ма­ке­дон­ски­те па­ра­о­лим­пиј­ци?

ХОЛМС: Мо­ја­та по­ра­ка до си­те ма­ке­дон­ски па­ра­о­лим­пиј­ци е – згра­бе­те ја шан­са­та, вре­ме­то е фан­та­стич­но за па­ра­олм­пиј­ци­те. Пра­шај­те се кол­ку мно­гу би са­ка­ле да об­ле­че­те ма­ке­дон­ски дрес во 2020 го­ди­на ка­ко дел од ти­мот што ќе па­ту­ва на Па­ра­о­лим­пи­ски­те игри во То­кио. Со­ну­вај­те го, по­са­кај­те го, тре­ни­рај­те за не­го и ре­а­ли­зи­рај­те го. Би са­кал да ве ви­дам та­му во ле­то­то 2020. Се се­ќа­вам ко­га прв­пат го об­ле­ков дре­сот на Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја на Па­ра­о­лим­пи­ски игри, имав 16 го­ди­ни и бев мно­гу воз­бу­ден што мо­жев да ја прет­ста­ву­вам мо­ја­та зем­ја. Че­ти­ри го­ди­ни по­доц­на, ко­га го до­бив мо­јот прв зла­тен ме­дал, го об­ле­ков дре­сот и за­ста­нав на пла­то­то да го при­мам ме­да­лот, ја слу­шав бри­тан­ска­та хим­на, а бри­тан­ско­то зна­ме се кре­ва­ше на јар­бо­лот. То­гаш соз­нав кол­ку бев по­че­стен, кол­ку сре­ќен бев што мо­жев да на­пра­вам не­што по­ве­ќе од се­бе­си, да се нат­пре­ва­ру­вам за мо­јот тим и, нај­бит­но, да ја имам таа сре­ќа да се нат­пре­ва­ру­вам за мо­ја­та зем­ја.

Ве­ру­ва­те ли во иде­ја­та де­ка до­а­ѓа вре­ме ко­га си­те лу­ѓе, со или без преч­ки во раз­во­јот, ќе има­ат ист ста­тус, трет­ман и мож­но­сти во оп­штес­тво­то?

ХОЛМС: Сме­там де­ка се­кое оп­штес­тво мо­ра да ги вклу­чи си­те, без раз­ли­ка на во­зра­ста, преч­ки­те во раз­во­јот или што и да е. Се­пак, ова не е лес­на за­да­ча и ни­ко­гаш не тре­ба да прет­по­ста­ви­ме де­ка ова е по пра­ви­ло слу­чај или де­ка слу­чај­но со вре­ме ќе ста­не. Тоа е пре­диз­вик за кој се­кој тре­ба да ја оди­гра сво­ја­та уло­га, на цен­трал­но вла­ди­но ни­во, на ло­кал­но ни­во и во ме­ѓу­на­род­ни­те ор­га­ни­за­ции. Се­кое оп­штес­тво има ми­си­ја да оку­ра­жи, да ги ос­ло­бо­ди си­те свои лу­ѓе и це­ли­от ни­вен по­тен­ци­јал. Уба­ва ми­си­ја ко­ја са­мо мо­же да до­не­се бри­ли­јант­ни ре­зул­та­ти. Мо­ја­та по­ра­ка за се­кое оп­штес­тво, се­ко­ја ор­га­ни­за­ци­ја, ин­сти­ту­ци­ја, се­ко­ја на­ци­ја е да ста­не раз­но­вид­на или да про­пад­не. Овоз­мо­жи инк­лу­зи­ја или про­па­ѓај. Ми­си­ја­та е јас­на, не мо­же да има по­до­бра ми­си­ја, да го сра­бо­ти­ме на­ши­от дел и да ја соз­да­де­ме таа ре­ал­ност за си­те.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

(интервјуто е објавено во 248. број на неделникот Република кој излезе во печат на 2. јуни 2017 година)

Top