понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 34 ново

Комитата Тарчуловски: Ова е историја, вакво нешто еднаш се доживува (ВИДЕО)

Плоштадот Македонија беше преполн со луѓе кои ја прославуваа големата победа на Вардар во финалето на Лигата на шампионите. Европската титула на скопскиот тим ја разбуди славеничката атмосфера меѓу сите Македонци. На плоштадот беше и Јохан Тарчуловски, поранешен водач на навивачката група Комити, најверните навивачи на Вардар.

Јохан во изјава за Курир кажа дека ова е историја, дека ова можеби нема никогаш да го доживееме.

-Историја, историја е, никогаш може во живот нема веќе да го доживееме ова. Еднаш во 100 години може да се случи ова, може и пак ќе се случи. Како и да е ова за цела Македонија, за Скопје, за Вардар, за секој што сака спорт, ова нешто што еднаш се живее во животот и се доживува, изјави Тарчуловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top